МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Груби до пратениците: Не се кријте зад народот и не мислите на следните избори
Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент
Костадинов: Со иницијатива до Уставен, бранителите на Груевски сакаат да го спасат од..
Томе Аџиев на распит во СЈО за случајот „Моќник“
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Да се ослободат неоправдано притворените

ВМРО-ДПМНЕ: Да се ослободат неоправдано притворените

четврток, 11 јануари 2018, 12:16ч.   |   Xh.I.

Патриотите во притвор се политички обвинети. Тие мора да бидат ослободени - велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Конструираниот случај против десетици невини луѓе за фабрикувано дело тероризам мора да запре. Десетици неправедно и неосновано осомничени патриоти се наоѓаат во притвор заради неаргументирани барања на ОЈО. Тие се жртва на политичката инквизиција која и се случува на Република Македонија.

Правосудните органи мора да се ослободат од стегите и притисокот и своите одлуки да ги донесуваат исклучиво согласно позитивните законски норми. Независното судство е право на граѓаните, кое не смее да им биде скратено.

Судот пред себе има доволно аргументи кои говорат дека делото тероризам за кое се товарат патриотите е монтиран случај. Судот врз основа  на аргументите и законите треба да ги укине притворите и да му стави крај на овој политички монтиран случај.

Судот има обврска да ја гарантира законитоста и да биде чувар на демократијата. Судот има одговорност пред Евроатлантските аспирации на земјата да постапува исклучиво врз основа на закон, Устав и меѓународните договори, а не врз основа на притисоци.

Судот не смее да го занемари извештајот на Народниот правобранител. Народниот правобранител јасно предочи дека полицијата извршила прекршување на законот при апсењето, со што директно изршила кривично дело од чл.140 од КЗ. Непочитувајќи ги имунитетот на пратениците, но и презумпцијата на невиност.  Судот не смее да ги занемари аргументите и да остане соучесник.

Институциите, како и сите политички и општествени чинители во Република Македонија имаат единствена обврска да ја придвижуваат државата кон Евроатланските структури, да ја зачуваат демократијата и правната држава. Ништо од тоа нема да биде случај се додека институциите се користат за фабрикување на кривични постапки против политички неистомисленици.

Граѓаните имаат потреба од силни институции кои ќе го спроведуваат законот. Државата итно мора да тргне по патот на демократијата и никој не смее да биде пречка на тој пат.

© ЖУРНАЛ    ~54,18

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Весна Пешиќ: Не гледам зошто ви пречи да се викате Северна Македонија!
Јорданов: Ми извадија список дека должам 30 милиони евра
Денко Малески: Кој ни гарантира дека ке останеме Македонци во Северна Македонија?
Лицитација со вмровските пратеници
Адеми до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ: Се откажав од идеалот за Голема Албанија, понекогаш треба да направите отстапка
ВМРО-ДПМНЕ го разреши реформаторот Петар Богојески од функцијата заменик генерален секретар
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.