МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Бошњаковски: Алатката за отчетност на министрите ќе биде ажурирана
Поднесено обвинение за обид за убиство во Батинци
ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава против Талат Џафери и директорот на Службен весни..
Поништен огласот за именување членови на Антикорупциска, новиот состав според новиот ..
Македонија
Коѕијас против референдум во Македонија: Тоа може да има многу негативни псоледици

Коѕијас против референдум во Македонија: Тоа може да има многу негативни псоледици

четврток, 11 јануари 2018, 12:14ч.   |   Xh.I.

Според министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, не е потребен референдум во неговата земја за името на Македонија, бидејќи Владата има мнозинство во Парламентот, истовремено одвраќајќи го и северниот сосед од плебисцит за ова прашање.

И за Македонија не е добро решение спроведувањето референдум, изјави Коѕијас во интервју за грчката телевизија Антена, бидејќи „ако биде отфрлен, тоа би имало многу негативни последици“.

Поткрепувајќи го ваквиот став, тој потсети дека и референцата БЈРМ била прифатена во 1995 година без да биде одржан референдум.

Во интервјуто Коѕијас се осврна и на грчките позиции во разговорите, објаснувајќи дека коалицискиот партнер Панос Каменос, лидер на Независни Грци и министер за одбрана, е против употребата на зборот „Македонија“, но појасни дека „не станува збор за употребата на самиот збор, туку тој да не е на грчки јазик.

Прашан да ги прокоментира имињата што се вртат во јавноста, шефот на грчката дипломатија одговори дека Грција има свој предлог, со кој ќе биде запознаена македонската Влада за време на разговорите, дополнувајќи дека целта на Атина е да се најде „сложено име, кое може, но не е задолжително, да има географска одредница“.

Во однос на името „Славомакедонија“, тој кажа дека тоа не е прифатливо за Албанците.

„Грција претпочита како решение на спорот со Скопје сложено име, кое ќе ја разликува БЈРМ од грчка Македонија и ќе биде за целосна употреба“, изјави тој.

© ЖУРНАЛ    ~117,39

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Заев: Имам информации дека Елизабета Канческа-Милевска нема да гласа за уставните измени
Журнал дознава: Владимир Ѓорчев, кандидат за Претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ?!
Богојески: Можеме и шестти пат да го промениме името
Бучковски: Законот за амнестија ќе му пресуди на Заев
ОМД: Поништена резолуцијата за поддршка на преспанскиот договор во американскиот Сенат
Бучковски: СДСМ ќе освои 100.000 гласа повеќе од ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг на претседателските избори
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.