МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Катругалос: ЕУ да ја цени и политичката волја на Северна Македонија покажана со Догов..
Анализа: Преку 80 отсто од граѓаните сакаат да одат по шалтери, наместо електронски д..
Со Преспанскиот до НАТО, со Северна до нови поделби
Дескоска: Барањето за екстрадиција на Груевски за 27 април деновиве ќе биде пратено д..
Економија
Втор јавен повик за субвенции за набавка на печки на пелети

Втор јавен повик за субвенции за набавка на печки на пелети

четврток, 01 ноември 2018, 11:31ч.   |   Xh.I.

Градот Скопје објави јавен повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Скопје за набавка на печки на пелети за 2018 година, втора фаза.

Градот Скопје, со цел да ги стимулира жителите на  Скопје (домаќинствата) за примена на почисто гориво и поквалитетни печки за затоплување на своите домови, кои имаат повисока енергетска ефикасност и пониски емисии во воздухот, на жителите кои ќе купат печки на пелети од денот на објавување на јавниот повик ќе им надомести дел од трошоците направени при набавка на печка на пелети во висина од 70%, но не повеќе од 30 000 денари, со вклучен персонален данок на доход по домаќинство.

Јавниот повик трае 30 календарски дена од денот на објавувањето (1 ноември 2018 година) заклучно со 30 ноември 2018 година или до исцрпување на предвидените финансиски средства од буџетот на Град Скопје за оваа намена.

Јавниот повик ќе се реализира по принципот „прв дојден прв услужен“.

Право на учество на јавниот повик имаат жителите на  Скопје кои ќе купат печка на пелети за затоплување на своето домаќинство (станбен објект) од денот на објавувањето на јавниот повик до денот на завршувањето на повикот и ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците за набавка на печка на пелети. На јавниот повик немаат право на учество жителите (домаќинствата) кои имаат станбен објект со приклучок на градско централно греење, без оглед на тоа дали го користат, како и жителите (домаќинствата) кои имаат станбен објект во фаза на градба и не живеат во истиот.

© ЖУРНАЛ    ~99,33

НАЈЧИТАНИ ОД ЕКОНОМИЈА
Лукаревска: УЈП сака партнерски односи со даночните обврзници
Раст на трошоците за живот
НБРМ: Забрзувањето на евроатлантските интеграции може значително да ги зголеми странските инвестиции
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.