МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Власта ќе бара поддршка од 80 пратеници за законот за СЈО, најави Дескоска
ОЈО за две недели ќе објави информации од истрагата за бегството на Груевски
НЕМА ЦЕЛОСНА АМНЕСТИЈА ЗА 27 АПРИЛ, ОРГАНИЗАТОРИТЕ И ТЕПАЧИТЕ ЌЕ ОДГОВАРААТ, ИЗГОТВЕН..
Ѕанакопулос: Заев води тешка битка во клима отежната од национализми
Свет
Помпео: Ким е „подготвен“ да ги покани инспекторите на локациите за нуклеарни проби

Помпео: Ким е „подготвен“ да ги покани инспекторите на локациите за нуклеарни проби

понеделник, 08 октомври 2018, 14:01ч.   |   Z.H.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео рече дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун е подготвен да им дозволи на меѓународните инспектори да ги прегледаат локациите за нуклеарни и балистички тестирања, едно од главните проблематични прашања во претходните ветувања за денуклеаризација.
 
 
Лидерот Ким изјави дека е подготвен да им дозволи да дојдат“ и да го видат демонтираниот сајт за нуклеарно тестирање Пунге-ри, рече Помпео, пренесе АФП.
 
Помпео, кој со Ким се состана за време на краткото патување во Пјонгјанг во неделата за новинарите, пред да замине за Пекинг, изјави дека инспекторите би требало да ги посетат погонот за тестирање на ракетни мотори и локацијата за нуклеарно тестирање Пунге-ри штом двете страни ќе ја договорат „логистиката“.
 
Водечкиот американски дипломат рече дека двете страни се „многу блиску“ до договор за детали за втор самит, кој Ким минатиот месец во писмо му го предложи на американскиот претседател Доналд Трамп.
 
Трамп и Ким во јуни одржаа историски состанок во Сингапур.
 
Патувањето на Помпео во Пјонгјанг, четврто оваа година, следеше по застојот откако Северна Кореја ги одби американските барања за неповратни чекори во откажувањето од нуклеарниот арсенал, вклучувајќи и целосен попис на оружје и погони.
 
Тој рече дека неговата последна посета во Пјонгјанг е „уште еден чекор напред“ кон денуклеаризација но дека има уште „многу чекори на тој пат“.
 
Во многу пооптимистички тон, севернокорејските државни медиуми денес објавија дека Ким ги пофалил разговорите со Помпео.
 
„Ким Џонг Ун изрази задоволство од плодните и прекрасни разговори со Мајк Помпео во кој двете страни ги разбраа меѓусебните ставови и разменија мислења“ објави севернокорејската новинска агенција КЦНА.
 

Речено е дека двете страни се согласни да одржат работни преговори за втор севернокорејско-американски самит што е можно поскоро. 

© ЖУРНАЛ    ~67,23

НАЈЧИТАНИ ОД СВЕТ
Макрон дава оставка – Францускиот претседател вечерва се обраќа на нацијата?!
Руски воен авион упадна на најголемата вежба на НАТО
ЕУ го укинува зимското сметање на времето
Уапсена главната финансиска директорка на „Хуавеј“
Анестезиолог инфицирал 1.300 пациенти со хепатит Ц во Германија
Холандија: Уапсен маж, пронајдени 350.000 евра во машина за перење
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.