МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Шекеринска: Отворен е патот за излез на Македонија од изолација
Ковачев: ВМРО-ДПМНЕ користи комунистички лаги и шири омраза
Ахмети до Коѕијас: Ви се заблагодарувам за посветеноста за затворање на прашањата со..
Левица најави антивладини протести
Економија
Раст на извозот и увозот од почетокот на годинава

Раст на извозот и увозот од почетокот на годинава

четврток, 04 октомври 2018, 15:43ч.   |   Z.H.

 Вкупната трговска размена со странство во периодот јануари-август 2018 година изнесува 10.314.611 илјади американски долари, од што вредноста на извозот изнесува 4.428.642 илјади долари, а увозот 5.885.969 илјади долари, објави Државниот завод за статистика.

 
Според објавените податоците извозот забележал раст од 24,3 проценти, а кај увозот 21,5 проценти.
 
Трговскиот дефицит, во периодот јануари-август 2018 година, изнесува 1.457.327 илјади американски долари. Покриеноста на увозот со извоз,  изнесува 75,3 отсто.
 
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел).
 
Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснато-валаните производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.
 
Во периодот јануари-август 2018 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Грција, Велика Британија, Србија и Бугарија

© ЖУРНАЛ    ~42,14

НАЈЧИТАНИ ОД ЕКОНОМИЈА
Раст на БДП од 3,1 отсто во вториот квартал
СДСМ: Септемвриската пензија зголемена за 1,8 отсто
ФОРДОМАНИЈА завладеа и во Македонијa
Индустриското произвоство со раст од 5,1 процент во осумте месеци од годинава
ММФ предвидува раст на македонската економија од 1,6 отсто
Сугаревски: Градежните активности ќе бидат комплетно завршини до крајот на наредниот месец
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.