МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Унгарската амбасада во Тирана не коментира дали Груевски минал една ноќ во амбасадата..
Макрадули: Планираме за две години да го намалиме загадувањето на воздухот за 50 отст..
Бошњаковски: За екстрадицијата на Груевски прибрана е документација на 400 страници
Орбан: Прашајте ги адвокатите зошто Груевски не е во транзитен центар
Колумни
Кула од карти

Кула од карти

среда, 31 октомври 2018, 12:25ч.   |   Xh.I.

Пишува: Беса Арифи, Вонреден професор на Универзитетот на Југоисточна Европа

Фронтот на политичките и академски субјекти кои звучно и страсно работеа за пропаѓањето на спроведувањето на Договорот од Преспа, се распадна како кула од карти за само неколку часа.

„Dear Hristijan” ќе биде запаметен како лидерот на најголемата опозициска партија кој експресно ги исклучи сите членови на партијата кои се дрзнаа да имаат поинаков став од неговото немање став. Да расчистиме, ВМРО-ДПМНЕ не излезе со конкретен став за тоа што требаше да се направи на референдумот што се одржа на 30 септември.

    Самиот Мицкоски се запраша себеси, кој е тој да му каже на народот како да гласа. Кога виде дека излезеноста на референдум беше ниска а сепак доволна да покаже дека повеќе од 600.000 граѓани на оваа земја се за спроведување на Договорот од Преспа, тој се приклучи на движењето за бојкот и посочи дека доколку ВМРО-ДПМНЕ ќе беше на власт, ќе се избореше за многу подобар договор со Грција во споредба со тој од Преспа. Како оваа партија во последните 11 години да делувала во Марс, а не дека била главен и непосреден властодржец во оваа земја!

И секако дека е многу нормална работа, при вакво нелогично поставување на лидерот, во таа партија да има неколкумина кои изразија друго мислење, а и покажаа храброст таквото мислење јавно да го кажат во вистинското време и на вистинското место, под строгиот поглед на нивните колеги кои како да сакаа да ги изедат живи со своите очи, така како што потоа посегнаа по нив по социјалните медиуми.

Ете, реалноста е тоа, што излегоа осум лица кои се дрзнаа да делуваат против немањето став на нивниот лидер и да се соочат со нивното експресно исклучување од партијата во која долги години, и во разни режимски околности тие самите делувале. Ваквото нивно исклучување е всушност најголемата чест што Мицкоски можеше да им го направи, како и најголемиот срам за него лично како личност која без никаков автентичен став за оваа прашање ги исклучи сите кои не го споделија неговото немање став!

    Друг политички субјект кој се распадна во овој временски период е партијата на Јанко Бачев каде што тој, освен што се соочува со одговорност за говор на омраза со тоа што крајно шовинистички се изразува за своите сограѓани, истовремено влезе во отворен конфликт и со неговиот близок соработник, Влахов-Мицов. И двајцата се во некаков натпревар кој од нив е поголем русофил и меѓу себе се обвинуваат, де дека едниот сакал да формира вооружено крило на партијата, де дека другиот соработувал со руските тајни служби.

Не ми се верува дека за толку кратко време стануваме сведоци на вакви суштински распади и нарушувања на внатрепартиски односи особено кога пред само неколку дена сите овие политички субјекти не убедуваа дека имаат некаква си внатрешна хармонија и заедничко делување. Можеби сега е време испразнетите места во ВМРО-ДПМНЕ да се пополнат со некој од русофиливе, особено заради фактот што партија што не толерира различно мислење на своите членови, веќе е целосно зрела да биде редизајнирана во типично сталинистичка партија од времето на монизмот.

За ова, посебен придонес може да дадат и некои од левичарите чии ставови во целиот период беа поблиски со националистичката екстремна десница. А сите ние знаеме што е резултатот кога екстремниот десен национализам се здружува со елементи на социјализмот, се добива тоа што во Германија за време на Третиот рајх се викаше национал-социализам. Последиците на таквата фатална комбинација може да се видат со едноставна и основна прошетка по музеите во Германија кои го опишуваат тоа време. Меѓутоа, кај нас тоа нема да се случи, бидејќи фронтот на овие политички субјекти се распадна сам по себе, како кула од карти.

    Третиот субјект кој се распадна, се членовите на академската заедница кои во целиот овој период беа видно хистерични. Нивната хистерија кулминираше во времето на гласањето на Законот за употреба на јазиците, и продолжува и ден денес кога една универзитетска професорка по уставно право вели дека не биле доволни 80 гласа за пристапување кон уставните амандмани, потребни биле 81, а гласањето од минатиот петок било неважечко, додека пак друга универзитетска професорка повикува на масовна мобилизација против одлуката изгласана токму со двотретинско мнозинство во Собрание.

Доволна беше само една изјава на премиерот кој повика на помирување, изјава која насекаде беше толкувана како повик за помилување и амнестија, за целиот наш мал свет да се преврти наопаку, надежта да се покрене, гласовите да се пребројат и прорускиот фронт да се распадне. Ова изјава започна да се спроведува со тоа што се пристапи кон формирање собраниска комисија која ќе ги разгледа мерките за спроведување на таквото помирување. Меѓутоа, ние сите знаеме дека помирувањето е невозможно да се постигне без правда, а правдата е невозможно да се постигне без носење одговорност.

И Палмер рече дека нема алтернатива на владеењето на правото и дека тоа не може да се заобиколи. Ова беше потврдено и од премиерот кој кажа дека владеење на правото мора да има. И секако, дека мора да има владеење на правото и носење на одговорност, бидејќи без нив по ништо нема да се разликуваме од тоталитарните држави од сталинистички тип кон кои сакаа да не водат тие што се распаднаа како кула од карти.

Посебно ме радува фактот што пратениците Албанци (но и сите други пратеници од немнозинските заедници) покажаа општа сплотеност кога се зборува за интеграцијата во НАТО и ЕУ. Се надевам дека оваа сплотеност ќе продолжи и во понатамошните фази и дека нема да се губи фокусот и енергијата за работи кои одамна веќе не се во агендата на нашите меѓународни партнери кои отворено не подржаа како општество да стигнеме до нашиот сон да бидеме дел од НАТО и ЕУ. Се надевам дека албанските политички субјекти ќе сфатат дека ова прашање не се однесува на албанскиот јазик, ниту пак на други колективни права, туку се однесува на безбедноста која само НАТО може да ја обезбеди и на стандардите и вредностите кои само во ЕУ може да се спроведат. Нема поголем патриотизам од искрениот ангажман во насока на спроведување на тие вредности кои ги вклучуваат во себе и правото на употреба на јазикот, и другите права кои се важни за сите нас. Ние мора да бидеме способни и како граѓани, и како политички субјекти, и како заедници во целава работа да успееме да ја видиме целата шума, а не само кратковидо да ги видиме дрвјата.
 

© ЖУРНАЛ    ~61,21

НАЈЧИТАНИ ОД КОЛУМНИ
Мицко ташаклијата васељенски
ВМРО расчисти со иднината
Пред дестабилизација!
Што готват Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ
Груевски ќе раководи со ВМРО-ДПМНЕ од затвор
А Заев да престане со политичко лигавење?
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.