МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Македонија - од една во друга партизирана администрација
ВМРО-ДПМНЕ ги повикува граѓаните на протест во недела: Македонија се гуши, ова црнило..
МВР: Казни од 200 до 500 евра за употреба на пиротехника
Семејството на убиениот Саздо бара 10 милиони денари отштета
Регион
Се појави видео од ликвидацијата на Гркот во кого пукаа албански специјалци

Се појави видео од ликвидацијата на Гркот во кого пукаа албански специјалци

среда, 31 октомври 2018, 12:54ч.   |   Z.H.

 Албанските медиуми објавија видеоснимка од Коцифас. Како што објави албанската телевизија „Репорт ТВ“, снимката е направена во еден објект и од прозорецот се гледа како Коцифас се шета на улица со „калашников“ во рацете, а потоа се слушаат истрели.

Убиството на етничкиот Грк, Константинос Кацифас, на албанско-грчката граница од страна на припадниците на албанската специјална единица „Ренеа“ предизвика заладување на односите меѓу Атина и Тирана.
 
Албанската амбасадорка во Атина, Адријана Хобдари, која вчера попладне била повикана во грчкото Министерството за надворешни работи, за албанските медиуми изјави дека на средбата и бил соопштен ставот на Грција во врска со инцидентот, кој пак таа го проследила до албанското Министерство.
 
Двете страни, кога станува збор за убиениот Кацифас (35), имаат сосема спротивни ставови, албанската дека тој е екстремист и терорист а грчката дека е обичен граѓанин.
 
Албанските медиуми го нарекуваат грчки екстремист со радикални убедувања, кој бил припадник на специјалните грчки армиски трупи.
 
Кацифас (35), албански Грк кој имал и грчко државјанство, според Тирана, ги повикувал Грците кои живеат главно во јужиот дел на Албанија на „ослободување“ на овој дел, кој Грците го нарекуваат Северен Епир.
 
Албанскиот историчар Арбен Лала тврди дека убиениот е дел од тајната милиција на организацијата за ослободување на Северен Епир.
 
– Гркот кој е убиен на граница е дел од тајната милиција на организацијата за автономија на Северен Епир. Добро би било полицијата на Албанија да упати барање до безбедносните органи на Грција со кое ќе побара информации кои ги поседуваат за него. Грција располага со документ за тоа, изјави Лала.
 
Според него, на својот Фејсбук профил Кацифас имал објавено знаме на Северен Епир и пишувала „Слобода за Северен Епир: Слободата не се дарува, туку се добива со војна“.
 
Според албанската страна, Кацифас со „калашников“ пукал кон албански полицајци што сакале да го тргнат грчкото знаме поставено на воените гробишта кај селото Буларат, недалеку од границата со Грција, при што во престрелката бил убиен.
 
Кацифас бил разведен и имал 13-годишна ќерка. Неговите две сестри подолг период живеат во Грција.

© ЖУРНАЛ    ~250,86

НАЈЧИТАНИ ОД РЕГИОН
Во Србија ќе се наплаќа патарина и на магистралните патишта
Во декември Ципрас во официјална посета на Москва
Oтстранет натписот „Тито“, ставено албанско знаме
Уапсен поранешен заменик-градоначалник, полово вознемирувал малолетничка
Одлука за косовската војска: Тачи во униформа, а Вучиќ во јужниот дел на Србија
Вучиќ: Јасно е дека силите на КФОР, односно НАТО, намерно нѐ лажеа
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.