МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Договорот од Преспа една од темите на средбите на Кумуцакос во Вашингтон
Заев категоричен: „Не ни помислувам за смена на Катица Јанева“
ВМРО-ДПМНЕ: Јакимовски и Чавков се жртви на политички монтирани случаи
ДИК: На претседателските избори во странство ќе може да гласаат вкупно 1.782 граѓани ..
Колумни
„Еми, какво става при вас бе калпазани“!

„Еми, какво става при вас бе калпазани“!

среда, 31 октомври 2018, 11:45ч.   |   Xh.I.

(Kој става става, рестото си го држи за пријатели)

Труло, труло ‘‘ до даске‘‘! Вестите велат дека у Бугарија се открил бизнисот со оние пусулчиња ‘‘ Аз сам си Балгарин‘‘ за кои луѓе овдека од уста делеа за да го добијат. Ако ништо друго нека се најде за лоши времиња како кубурата на Цацко у К-15 спотот. Бугарските пасоши веќе со години се по популарни од своевремено ‘‘ Бјело Дугме‘‘ на овие простори. Каде е зајебот? Зајебот е кај бугарите а не кај нас. Нашите ( овчички – патриоти) поштено си платиле, биле на бацирака кај Бај Гањо и се колнеле дека у нив има висококвалитетна балгарска крв со призвук на ‘‘ а бе остаај ја шо викам Македоња, Македоња‘‘ си јадам говна по сокаци! Нека му ја мислат сеа Бугарите за тежината на делото наречено ‘‘ тоа се Европски пасоши батка‘‘. Ајде да видиме сега колку ‘‘ предвреме Европејци‘‘ има у Македоњана! Колку о нив се на јавната сцена, колку од нив одлучуваат за иднината на Македонија и колкумина од нив ‘‘ се би дале,.. па и живот ако треба‘‘! Ако Европската унија не преземе веднаш некакви чекори да и застане на опашката на ‘‘ преку ноќ Европејци‘‘, тогаш нешто навистина ке не натера сите нас да се запрашаме кои се тоа системите кон кои стремиме а може да голтнат толку голем ‘‘кикирик‘‘! И да се прават дека ништо не се десило.

КОЈА КВАЛИТЕТНА ‘‘ МУДА ЗА БУБРЕЗИ‘‘! ДРЖАВО БРЕ! ИМАШ ЛИ ТИ АКАЛ?!

Ајде да тргнеме од една елементарна општествено политичка мастурбација во време на ‘‘ простувања, национални помирувања‘‘, ташаци и грашаци! Ајде да видиме јавно, транспарентно, онака ‘‘ поштено према народу и Богу‘‘, колкумина од јавната политичка сцена кои ‘‘ во и за‘‘ интересите на Македонија солзи солени крокодилски леат, а имаат од оние пусулчиња од кои бугарите таму си направиле дебела пара!? Јавно прашувам зошто државава не донесе закон по кој секој еден што има туѓо државјанство не смее да одлучува за круцијални прашања од, и за интересите на Македонија? Како да знае кој има кој нема!? Ех, кое моронско прашање! Не може да дознае во соработка со бугарското МНР или институциите на соработка меѓу двете држави? МРШ БРЕ!

КОЈ ЈА ЈАДЕ ДРЖАВАТА ОДВНАТРЕ, ДОДЕКА НА ПЕНЏЕР ПЕЕ ‘‘ ИЗЛЕЗИ МОМЧЕ НА ТАРАСА‘‘?!

Дали некој смета дека еден Албанец би останал без албански пасош во момент кога Албанија би рекла ‘‘ ајмо дечки тазе пасоши‘‘! И ајде така хипотетички да видиме кој ке остане у средина ‘‘ ко усрано пиле‘‘ со македонски пасош? Шака јада која е РЕАЛНО патриотска. За кој демос би разговарале во ситуација во која секој еден е спремен да бега кога ке види дека бродот тоне до неповрат! Па ( не реков пизда ви материна де, ) една стара поговорка вели дека бродот не тоне кога е во вода, туку кога водата влегува во бродот. Колку ‘‘буриња‘‘ вода носи бродот Македонија?! Функционираме по системот ‘‘ ќар до колена, зијан до гуша‘‘! Државата не смее да дозволува судбината да и ја кројат по ниедна цена машносани и ташностани мајмуни кои во секој момент имаат ‘‘ резервна варијанта‘‘, а функционираат по системот за кој србите имаат најдобра парола која се вика ‘‘ АПП‘‘ – ако проџе, проџе!

ДАЈТЕ ЛИСТА НА ПОЛИТИЧАРИ СО БУГАРСКИ ПАСОШ! ‘‘ИМАТЕ Г‘З‘‘!? СТАП!

Кој е приоритетот на државата кога се случува папазјанија каква ни се случува нам? Многу едноставно! Пребројавање, ама и реална дестилација на ‘‘ руководечи кадар‘‘! Знам дека звучи глупаво, ама нај итно е потребно демаскирање на сите мега патриоти, ма биле тоа ‘’ турци или каури‘‘ а сето тоа со единствена цел. Тоа е следново. Остај не нас генерациите кои сме го одживеале најголемиот дел од животот. Ти, денес и овде решаваш судбина на генерации! Ти, денес и овде поставуваш пруги по кои нашите деца треба да фаќаат некаква си ‘‘ светла иднина‘‘. Или, ке те трпам да ми кроиш судбина у кои системот ‘‘ АПП ‘‘ не му мења ништо на твоето дете зашто утре ако полицаец му застане на пат да го легитимира он ке има легитимно право да каже ‘‘ јас сум странец, пази како се однесуваш‘‘! Молим!? Да! Тоа е легитимно право! А нашите деца?! Е, па, нашите деца нека ги чува господ во такви случаеви, ако им даде Господ ‘‘ К‘смет‘‘, ке бидат добро!

П.С.

Секој има легитимно право да се чувствува што сака, да има чив сака пасош и да си го живее животот на начин како сака! Апсолутен респект кон тоа право. Мојата реакција е хипокризијата која е толку одомаќена, што почнавме смрадот од таа хипокризија и да не го чувствуваме. Се додека некој нема да има намера да го инструментализира за свои микро геополитички цели! Бугарите доволно е еден ден да излезат со аргументи дека некој си таму во ‘‘северно Македонскиот ‘‘ парламент не гласаал и државата отишла у ПМ, ама тоа е бугарско партиотски чин, затоа што тој без разлика на се, легитимно е граѓанин на Р. Бугарија, но во Македонија си работи и живее затоа што ( по статистиката на бугарсккото МНР) во Македонија имаме ‘‘ наши хора‘‘ и тоа еехееее! Колку сакаш! Еми, ‘‘ като ние ви казахме, не искахте да вјарвате‘‘!

ЈБТ! ( ма, само кратенка де!)

Белешка на авторот:

Апсолутна почит, уважување и позитивна мисла кон бугарскиот народ! Фокусот на писанието е хипокризијата во нашето општество, а не бугарите како народ, како луѓе, како поединци. РЕСПЕКТ! Познавам прекрасни луѓе, многу домови во Р. Бугарија се отворени за мене! Фокусот е НАШЕТО, а не бугарското секојдневие и политика.

Впрочем, една од моите најомилени песни е ‘‘ ПРИТУРИ СЕ ПЛАНИНАТА‘‘ од Стефка Саботинова, славејот на бугарската изворна музика!

А ЗАШТО МЕ ПОТСЕЌА НЕВЕРОЈАТНО НА ‘‘ СЕ НАВАЛИ ШАР ПЛАНИНА‘‘!?! Секоја сличност е случајна!

УУУ,. ( овој пат без кратенки) , датибам, СТВАРНО БЕ! Па ЈЕБОТЕ!

Агим Јонуз

© ЖУРНАЛ    ~141,47

НАЈЧИТАНИ ОД КОЛУМНИ
Заедничкиот кандидат само на хартија
Врвни превари!
НАТО
Македонските политичари и Бил Гејтс
Умните наспроти мнозинството
Мојот фаворит е Стево
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.