МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Во понеделник жрепка за кандидатите за градоначалници
„Не бараме милост, туку правда“ – демонстрантите со порака до Заев на протестот за Фе..
Катругалос: Ципрас ќе го посети Скопје првата седмица од април
Река прв, Силјановска втора, Пендаровски трет на гласачкото ливче
Регион
Фото: Дунав без вода, во Унгарија прекинат сообраќајот на товарни бродови!?

Фото: Дунав без вода, во Унгарија прекинат сообраќајот на товарни бродови!?

понеделник, 29 октомври 2018, 15:57ч.   |   Z.H.

 Низок водостој на реката Дунав, во Унгарија запрен водениот сообраќај, во Нови Сад граѓаните се шетаа по песок!!

Поради исклучително низок водостој на втората по големина европска река Дунав скоро целосно е прекинат сообраќајот на товарни бродови низ унгарскиот дел на  реката, објави Радио Кошут.  
Според претседателот на Унгарскиот сојуз за пловидба по внатрешни води, нивото на Дунав започнала да опаѓа уште во јули, а сега водостојот е толку низок што по Дунав можат да пловат само помалку чамци и бродови, со што е направена голема штета на превозниците.
 
Утрово според Државната служба за мерење на водите , висината на водостојот на Дунав изнесувала од 107 см кај Комаром, 154 кај Будимпешта, до 72 сантиметри кај Мохач.
 
Водостојот на втората по големина европска река е многу низок и кај Нови Сад  што може да се види и од фотографиите кои граѓаните ги објавуваат на социјалните мрежи.
 
Во Нови Сад може да се шета по песочните островчиња на Дунав.

© ЖУРНАЛ    ~139,49

НАЈЧИТАНИ ОД РЕГИОН
Еколошка катастрофа во Истра, тони ѓубре ја преплавија реката
Турција нуди 770.000 долари за секој војник кој по неуспешниот пуч побегна во Грција
Јас сум Јанис Бутарис и веќе 28 години сум чист
Хрватски рибар уловил ајкула од осум метри (видео)
Хрватски рибар уловил ајкула од осум метри (видео)
Хан: Внимателно го следиме прашањето со имотите на грчкото малцинство во Албанија
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.