МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Македонија - од една во друга партизирана администрација
ВМРО-ДПМНЕ ги повикува граѓаните на протест во недела: Македонија се гуши, ова црнило..
МВР: Казни од 200 до 500 евра за употреба на пиротехника
Семејството на убиениот Саздо бара 10 милиони денари отштета
Македонија
Николовски: Груевски останува во ВМРО-ДПМНЕ, не учествувал во обезбедувањето на 2/3 мнозинство

Николовски: Груевски останува во ВМРО-ДПМНЕ, не учествувал во обезбедувањето на 2/3 мнозинство

вторник, 23 октомври 2018, 09:25ч.   |   Xh.I.

За почесниот претседател на партијата нема никакви сознанија дека учествувал во обезбедувањето на ова двотретинско мнозинство и на ниту еден начин не бил дел од таа работа, одговори Александар Николовски, потпретседателот на партијата на прашањето дали и Никола Груевски може да биде исклучен од партијата по синоќешните одлуки на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Централниот комитет направи анализа кој и што правел во овој период на обезбедување на ова двотретинско мнозинство. Исто така она што е квалитативна одлика на оваа седница е дека после долги години на молчење во партијата, се отвори една силна внатрепартиска дебата за тоа што се случувало во партијата во изминатиот период. Процесот во вој момент се сведе на овие личности затоа што се однесува токму на оваа постапка, но секако ќе ги опфати сите оние кои се огрешиле пред партијата и пред законите и се во криминалната коалиција со Зоран Заев која веќе ја честитав. Коалицијата е Зоран Заев, Вице Заев и Сашо Мијалков“, изјави синоќа Милошоски.

Груевски на собраниската седница за почеток на уставните промени гласаше против.

Вчера ЦК на ВМРО-ДПМНЕ даде препорака на општинските комитети од партијата да бидат исклучени Сашо Мијалков и Никола Тодоров, од партиските функции беа разрешени Митко Јанчев и Костадин Богданов, а од пратениците што гласаа за уставните измени беше побарана оставка од пратеничките функции.
 

© ЖУРНАЛ    ~334,114

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Орбан пред пратениците го бранеше политичкиот азил на Груевски
Иванов може да го помилува Груевски, по негова молба или на Боркица, Мијалков или мајка му Нада
Интервју со Филип Ачкоски, топ едукатор: Расте интересот за здрав живот
Мукоски: Им благодарам што им текна да ме посетат, ама протестното писмо за уставните измени е на погрешна адреса
Груевски добил азил во Унгарија?
Вистината за 27 април ја видов на осми кат во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, откри Нинџа
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.