МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Унгарската амбасада во Тирана не коментира дали Груевски минал една ноќ во амбасадата..
Макрадули: Планираме за две години да го намалиме загадувањето на воздухот за 50 отст..
Бошњаковски: За екстрадицијата на Груевски прибрана е документација на 400 страници
Орбан: Прашајте ги адвокатите зошто Груевски не е во транзитен центар
Македонија
ОЈО: Дел од обвинетите од „27 април" организирани и со фантомки влегле во Собранието

ОЈО: Дел од обвинетите од „27 април" организирани и со фантомки влегле во Собранието

понеделник, 22 октомври 2018, 16:07ч.   |   Xh.I.

Александар Василевски-Нинџа, Никола Митревски-Кољо, Горанче Ангеловски-Ќосето, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски и Митре Питроповски, обвинети во предметот за „27 април" од настаните во Собранието на РМ, се лицата кои истиот ден биле во кафе барот „Дион" во ГТЦ и потоа организирано се упатиле кон Парламентот, каде со фантомки на главите со толпата, влегле во законодавниот дом.

Ова денеска на рочиштетот во Кривичен го истакна обвинителката Ивана Трајчева појаснувајќи ги видео снимките кои се презентираа како докази од камерите на Стопанска банка, Собранието, телевизски снимки…

На снимката се гледа дека во 17:23 часот повеќе лица излегуваат од „Дион", за кои обвинителката Трајчева рече дека еден од нив со бело елече е обвинетиот Никола Митревски-Кољо кој според неа и денеска во судницата и го носи истото елече. Појасни дека во 17:45 часот се гледаат две лица од кои едниот со црна маица е Горанче Ангеловски Ќосето, а другиот со тетоважа на раката е Илија Славески, како влегуваат на терасата во „Дион" каде ги пречекува и се прегрнуваат со Александар Василевски-Нинџа. Од снимките се гледа како Стефан Младеновски доаѓа со мотор до „Дион" и носи кеса. Во 18:40 во „Дион" влегуваат шест лица, еден од нив е Игор Југ, подоцна се гледа обвинетиот Влатко Трајковски, а во 19:13 минути се гледа како седум лица се движат кон кафе-барот, од кои петмина имаат натписи на маиците. Со групата е и обвинетиот Јане Ченто. Подоцна, на неколку снимки од Стопанска банка, целата група од „Дион" се движи кон Собранието на РМ.

Од ЦД-то од пред Парламентот, обвинителката ги препозна повеќето од обвинетите за кои претходно го објаснуваше нивното дејствување. Тие, рече Трајчева, се со фантомки на главите и дел од нив повикуваат да се приближи толпата кон главната врата на Собранието. Обвинителката рече дека од снимките видливо е дека полицајците пред вратите се повлекле, а демонстрантите влегле во Собранието. Во пленарната сала, таа посочи поголем дел од обвинетите како се движат без фантомките.

За случајот „27 април" на Основното јавно обвинителство обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.

На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски. /МИА

© ЖУРНАЛ    ~33,11

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Иво Котевски за „Пинк“: Заев ќе изгубеше на предвремени избори
Емилија Александрова: Тоа што ме исклучија од ВМРО-ДПМНЕ го доживеав многу тешко, но не им се лутам
Иванов може да го помилува Груевски, по негова молба или на Боркица, Мијалков или мајка му Нада
Интервју со Филип Ачкоски, топ едукатор: Расте интересот за здрав живот
Адеми до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ: Се откажав од идеалот за Голема Албанија, понекогаш треба да направите отстапка
Николовски: Груевски останува во ВМРО-ДПМНЕ, не учествувал во обезбедувањето на 2/3 мнозинство
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.