МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Унгарската амбасада во Тирана не коментира дали Груевски минал една ноќ во амбасадата..
Макрадули: Планираме за две години да го намалиме загадувањето на воздухот за 50 отст..
Бошњаковски: За екстрадицијата на Груевски прибрана е документација на 400 страници
Орбан: Прашајте ги адвокатите зошто Груевски не е во транзитен центар
Македонија
Димитров до Палмер: Македонските граѓани својата иднина ја гледаат во евро-атлантското семејство

Димитров до Палмер: Македонските граѓани својата иднина ја гледаат во евро-атлантското семејство

понеделник, 22 октомври 2018, 15:16ч.   |   Xh.I.

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денес имаше средба со заменикот на помошник-државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Метју Палмер, кој престојува во работна посета на Република Македонија. На средбата беше разговарано за евро-атлантските перспективи на земјата, како и за актуелните политички состојби во Република Македонија и во регионот.

Министерот Димитров упати благодарност за континуираната американска поддршка на евро-атлантските интеграции на Република Македонија. Тој нагласи дека граѓаните на Република Македонија иднината на својата земја ја гледаат во евро-атлантското семејство и изрази уверување дека успешно ќе го изодиме патот кон заслуженото место во НАТО и Европската Унија.

Димитров и заменикот на помошник-државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Метју Палмер, разговараа за тековните аспекти на процесот на пристапување на Република Македонија во НАТО, како и за неодамнешниот прогрес во однос на постапката за уставните промени во парламентот со цел успешна имплементација на договорот со Грција  и зачленување на Република Македонија во алијансата како нејзина 30-та земја членка.

© ЖУРНАЛ    ~33,11

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Иво Котевски за „Пинк“: Заев ќе изгубеше на предвремени избори
Емилија Александрова: Тоа што ме исклучија од ВМРО-ДПМНЕ го доживеав многу тешко, но не им се лутам
Иванов може да го помилува Груевски, по негова молба или на Боркица, Мијалков или мајка му Нада
Интервју со Филип Ачкоски, топ едукатор: Расте интересот за здрав живот
Адеми до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ: Се откажав од идеалот за Голема Албанија, понекогаш треба да направите отстапка
Николовски: Груевски останува во ВМРО-ДПМНЕ, не учествувал во обезбедувањето на 2/3 мнозинство
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.