МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Поднесена кривична пријава за убиство во обид против телохранителот на Мијалков
Парламентарни заедно со претседателските, заради цензусот
Три нови случаи со мали сипаници во Скопје, досега 69 заболени
Законот за употреба на јазиците испратен до Венецијанската комисија
Македонија
ОБВИНЕТИОТ НИКОЛА МИТРЕВСКИ – КОЉО ВО СУДНИЦА ГО НОСИ ИСТИОТ ЕЛЕК ШТО ГО НОСЕЛ ПРИ НАПАДОТ ВО СОБРАНИЕТО НА 27 АПРИЛ

ОБВИНЕТИОТ НИКОЛА МИТРЕВСКИ – КОЉО ВО СУДНИЦА ГО НОСИ ИСТИОТ ЕЛЕК ШТО ГО НОСЕЛ ПРИ НАПАДОТ ВО СОБРАНИЕТО НА 27 АПРИЛ

понеделник, 22 октомври 2018, 13:15ч.   |   Xh.I.

Со прикажување на снимката од атмосферата во Собранието пред изборот на Талат Џафери за претседател, почна емитувањето на видеодоказите на судењето за организираниот напад на 27 април лани.

Обвинителката Ивана Трајчева наведе сегменти од говорот на Илија Димовски, кои се совпаѓаат, како што рече, со говорот надвор пред толпата, на Богдан Илиевски – Бетмен и Борис Дамовски, двајца од 33-цата обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Потоа следуваше снимка како обвинетиот пратеник Крсто Мукоски пее „Едно име имаме“, а потоа и државната химна. Следуваше и пеењето на албанската химна од пратеникот на Беса Зекирија Ибрахими, а тогашниот претседавач Трајко Вељаноски сето тоа го дозволува.

За тоа време толпата се собира на улица, а насилниците се во ресторанот „Дион“ на кејот на Вардар, каде го подготвуваат нападот. Се гледа како еден по еден, крупни машки лица се собираат на терасата на ресторанот.

Обвинителката на една од снимките го посочи обвинетиот Никола Митревски – Кољо.

„Лицето со сиво шарено елече без ракави е обвинетиот Никола Митревски – Кољо. Истото елече го носи и денес во судница“, рече обвинителката Трајчева.

Кога се виде на снимката со истото елече, обвинетиот Кољо се смееше од обвинителското столче.

Горанче Ангеловски – Ќосето, Александар Василевски – Нинџа, Захарие Симовски, Илија Славески, Стефан Младеновски, Влатко Трајковски… доаѓаат еден по еден во „Дион“, 40-тина минути пред нападот во Собранието. Доаѓа и обвинетиот Игор Југ во група од 5 лица.

Обвинителката ја опишува и облеката на обвинетите, бидејќи така потоа Обвинителството ќе ги идентификува под фантомките.

Во 18 часот стигнува опремата за напаѓачите во кеса, ја носи обвинетиот Митре Питроповски. Се наближува и нова група кон „Дион“, меѓу нив е и обвинетиот Јане Ченто во црна кожна јакна.

© ЖУРНАЛ    ~296,100

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Заев: Имам информации дека Елизабета Канческа-Милевска нема да гласа за уставните измени
Повик на МОН за учество во комисија за измена на учебници
ВМРО-ДПМНЕ: Заев натера повеќе од 70 отсто од граѓаните да сакаат да ја напуштат татковината
Богојески: Можеме и шестти пат да го промениме името
Журнал дознава: Владимир Ѓорчев, кандидат за Претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ?!
Бучковски: Законот за амнестија ќе му пресуди на Заев
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.