МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Јонкер за МИА: Набљудувачите ќе бидат рамномерно распоредени низ државата
Сите претседатели на Република Македонија
Канцеларијата на Хелсиншкиот комитет утре ќе биде отворена за граѓаните
ДИК: Гласањето на затворениците, болните и дијспората се одвива без проблеми
Свет
Австралија им се извини на жртвите на педофилија

Австралија им се извини на жртвите на педофилија

понеделник, 22 октомври 2018, 15:12ч.   |   Z.H.

 Австралискиот премиер Скот Морисон денес го презентираше националното извинување кон жртвите на педофилија, признавајќи пред парламентот дека државата не била на висина на задачата против злобните злосторства.

 
„Извршени се од Австралијци против Австралијци, непријателите се присутни меѓу нас“, рече премиерот во својот говор кој беше емитуван директно на телевизија.
 
„Како нација, ние не ја исполнивме обврската кон нив, ги оставивме и поради тоа секогаш ќе ни биде срам“, кажа Морисон, видливо вознемирен споменувајќи го и сексуалното насилство извршено во рамки на верски и државни институции.
 
По една деценија исполнета со откритија и докази, австралиската влада во 2012. година конечно попушти пред јавниот притисок и основаше Кралска истражна комисија со цел институционален одговор на педофилските злосторства.
 
Комисијата кон крајот од минатата година објави катастрофален извештај. Се пријавиле повеќе од 15.000 луѓе кои потврдиле дека биле жртви на педофилија под закрила на црквата, потоа во сиропиталишта, спортски клубови, училишта и младински организации во текот на изминатите неколку децении, при што нивните случаи не завршиле со истраги.
 
Повеќе од 4.000 институции се доведени во прашање во врска со овие настани.

© ЖУРНАЛ    ~63,21

НАЈЧИТАНИ ОД СВЕТ
Украински министер кажа дека ќе влезе во Москва со тенкови, Русите одговорија со иронија
Голема трагедија ја скрши Меркел
Амбасада на Русија: Велика Британија намерно провоцира со испраќање „апачи” во Естонија
Богаташите од оваа земја нарачуваат пица од Лондон која им ја носат со авион
Една од најбогатите Русинки загина во авионска несреќа
Внуката на Садам Хусеин напиша книга за нејзиното семејство
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.