МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Османи: Македонија и Србија можат да си помогнат на патот кон ЕУ
ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Спасовски да си поднесат оставки и да не ја префрлуваат вината на ..
Посебно одделение да ги суди предметите на СЈО, предлага Советот за следење на реформ..
Политика – Груевски избегал во Унгарија преку Албанија
Свет
Почина човекот кој со храбра акција го уништи хитлеровиот сон за атомска бомба

Почина човекот кој со храбра акција го уништи хитлеровиот сон за атомска бомба

понеделник, 22 октомври 2018, 10:10ч.   |   Z.H.

 Норвежанецот Јоаким Ренеберг кој започнал една од најголемите саботажи против нацистите за време на Втората светска војна, почина во неделата на возраст од 99 години.

 
Ренеберг предводел група од девет членови на движењето на отпорот, кои ноќта меѓу 27. и 28. февруари 1943 година изршилe диверзија во норвешка фабрика за производство на тешка вода за изработка на атомски бомби, со што ставиле крај на нацистичката нуклеарна програма.
 
„Ренеберг веројатно беше последниот од најистакнатите борци на отпорот“, изјави норвешката премиерка Ерна Солберг.
 
Централата Веморк, во близина на градот Рјукан во јужниот дел на Норвешка, во тоа време била единствената во светот за производство на големи количини на тешка вода.
 
Во трка со времето и со Сојузниците во однос на контрола врз нуклеарно вооружување, нацистите ги презеле овие простории кога ја окупирале Норвешка во 1940 година.
 
За овој настан се снимени и неколку филмови како „Битката за тешка вода“ од 1947. година и „Хероите на Телемарк“ со Кирк Даглас од 1965. година, на кои е претставен најголемиот подвиг на норвешкиот отпор.
 
Јоаким Ренеберг по војната не сакаше да зборува за она низ што тој поминал и дури во 70-тите години почнаа да ги изнесува своите спомени.

© ЖУРНАЛ    ~61,21

НАЈЧИТАНИ ОД СВЕТ
Шок на улица во Турција: За секунда се отвори дупка во земјата и „проголта“ две жени (ВИДЕО)
Кина изгради железничка пруга за пет и пол часа
Руски воен авион упадна на најголемата вежба на НАТО
Видео: Кина го отвори најдолгиот прекуморски мост во светот
Најмалку четири жртви при урување на зграда во Бахреин
Уапсени повеќе од 1 000 Пакистанци кои дивееја бидејќи христијанката не беше убиена
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.