МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Поднесена кривична пријава за убиство во обид против телохранителот на Мијалков
Парламентарни заедно со претседателските, заради цензусот
Три нови случаи со мали сипаници во Скопје, досега 69 заболени
Законот за употреба на јазиците испратен до Венецијанската комисија
Македонија
Утре ќе се формира тело за помилување на пратениците обвинети за 27 април

Утре ќе се формира тело за помилување на пратениците обвинети за 27 април

недела, 21 октомври 2018, 22:00ч.   |   B.M.

Утре се очекува да се формира парламентарно тело за помилување на пратениците кои беа вклучени во крвавото насилство од 27 април. Ова тело беше ветено од премиерот Зоран Заев на прес конференцијата по гласањето на потребата за уставни промени. Барањата на осумте пратеници ќе се изготват заедно со Владата. Четирите барања на пратениците се прифатливи за премиерот Заев. Тој верува дека во рок од 15 дена, ќе се изготват нацрт уставните амандмани кои потоа ќе се достават до Собранието. Заев истовремено очекува бројот на пратениците кои ги поддржуваат овие промени да се зголеми во следните фази.

Партиите на Албанците кои најавија амандмани за унапредување на албанското прашање, по се изгледа нема да можат да ги поднесат бидејќи деловникот на Собранието ја определува интервенцијата на пратениците во уставните измени само во членовите кои се засегнати од предлагачот. Но, ниту една од опозиционите партии на Албанцте не прецизира дали ќе го условуваат или не Заев, со нивните четири гласа во Парламентот за промена на името.

Алијанса за Албанците:

    Ништо повеќе не можеме да кажеме сега без да ги видиме нацрт амандманите кои ќе дојдат од предлагачот (Владата). Ние можеме да поднесеме амандмани само на предлозите на Владата. Значи, за тие членови на Уставот кои ќе бидат објект на промена. Дотолку повеќе на ограничува деловникот на Собранието. Да ги почекаме првин предлозите на Владата.

Беса на Касами:

    Движењето БЕСА во текот на собраниската постапка ќе предложи амандмани кои се однесуваат на укинување на понижувачките термини кон Албанците со проценти, како што е случајот со албанскиот јазик, како и предлагање на амандмани во преамбулата Северна Македонија да биде држава на сите нејзини граѓани, правејќи поделба меѓу идентитетот на државата.“

Најавите на опозиционите партии на Албаницте за уставните амандмани, пратеникот на ДУИ Артан Груби ги нарече недостиг на идеологија и обид за факторизирање.

„Вакви иницијативи во овој толку клучен и деликатен момент, поддржан од Вашингтон, Брисел, Париз, Берлин, Рим, Лондон и сите центри од западниот свет, јас го гледам како архаична иницијатива, некреативна, како недостиг на партиска идеологија, го гледам исто така и отсуството на супстанца на политичко делување и напор преку мала врата да се профилира една мала партија или две мали партии со големи национални прашања“, рече Груби.

По изгласувањето на потребата за отворање на Уставот, на Собранието ќе му бидат потребни најмалку уште 100 дена за да го заврши процесот на уставни промени, секако, доколку нема нови пречки со бројот на пратеници или со амандманите.

© ЖУРНАЛ    ~162,56

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Заев: Имам информации дека Елизабета Канческа-Милевска нема да гласа за уставните измени
Повик на МОН за учество во комисија за измена на учебници
ВМРО-ДПМНЕ: Заев натера повеќе од 70 отсто од граѓаните да сакаат да ја напуштат татковината
Богојески: Можеме и шестти пат да го промениме името
Журнал дознава: Владимир Ѓорчев, кандидат за Претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ?!
Бучковски: Законот за амнестија ќе му пресуди на Заев
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.