МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Унгарската амбасада во Тирана не коментира дали Груевски минал една ноќ во амбасадата..
Макрадули: Планираме за две години да го намалиме загадувањето на воздухот за 50 отст..
Бошњаковски: За екстрадицијата на Груевски прибрана е документација на 400 страници
Орбан: Прашајте ги адвокатите зошто Груевски не е во транзитен центар
Македонија
Во „Монструм" било пукано со две пушки и пиштол

Во „Монструм" било пукано со две пушки и пиштол

петок, 19 октомври 2018, 14:29ч.   |   Xh.I.

Според вештачењата на крим-техниката од МВР, како што беше кажано на денешното рочиште за случајот „Монструм", кај Смилковско езеро било пукало со две пушки „калашников" и еден пиштол.

Вештаците Неџат Муриќ и Златко Скулиќ, вработени во МВР во крим техника, не биле повикани на местото на настанот, туку материјалот бил доставен по регуларен пат за анализа во лабараториски услови.

– Доставени биле 21 чаура, осум истрелани проектили и два делови од проектили. Народски кажано чаури од муниција за „калашников" и пиштол долга деветка, изјави вештакот.

Рече дека анализите ги добиле на 13 април, но во лабораторија не добиле оружје. Од анализата се покажало дека чаурите се од муниција испукана од две пушки и еден пиштол.

Вештакот кажа дека во анализа на чаури од муниција пронајдена од фарма во Белимбегово од настан во 2009 година и има изработено вештачење што поврзува една чаура од настанот во 2009 година со чаури од настанот во 2012 година, односно дека се испукани од ист примерок оружје.

На денешното ричиште за случајот „Монструм" на СЈО за петкратното убиство на Смилковско езеро од 12 април 2012 година повикани се десетина вешти лица.

Судијата Огнен Ставрев на почетокот на рочиштето објасни дека од возилото „Опел Омега" од претходна постапка има шест фотографии, на една од тие има клуч во бравата за стартување на моторот, додека на минатото рочиште при увидот не можеле да влезат и морало да крим техничар да го отвори.

– Судот ги најде записниците со наредба за чување и преземање и најден е записник од судот на претходна постапка каде стои дека нема клуч. Ќе направиме се да се најде тој клуч за транспарентноста на процесот, рече Ставрев.

Адвокатите пред почетокот на рочиштето реагира на сведочењето на заштитениот сведок и побараа да се стави во записник дека се сомневаат во веродостојноста на исказот.

Вештото лице Снежана Николовска, истражувала траги од земја од самото место и од возилото. Рече дека останува во целост на тоа што го кажала за вештачењето на претходна постапка.

– Беше доставена земја од повеќе локации на местото на настанот. Лично земав земја од возилото „Опел Омега" што беше во МВР. По споредбата, анализите покажаа дека земјата од браниците и земјата земена до едно од мртвите тела се совпаѓа. Се совпаѓа по боја, гранулација и состав, рече вештото лице.

Кажа дека земјата од Вражји вир, каде било најдено возилото и земјата од Смилковско Езеро се разликувала во елементарниот состав и бојата.

Судењето продолжува на 26 октомври со сведочење од останатите вешти  лица.

За петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм" го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење. /МИА

© ЖУРНАЛ    ~67,23

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Иво Котевски за „Пинк“: Заев ќе изгубеше на предвремени избори
Емилија Александрова: Тоа што ме исклучија од ВМРО-ДПМНЕ го доживеав многу тешко, но не им се лутам
Иванов може да го помилува Груевски, по негова молба или на Боркица, Мијалков или мајка му Нада
Интервју со Филип Ачкоски, топ едукатор: Расте интересот за здрав живот
Адеми до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ: Се откажав од идеалот за Голема Албанија, понекогаш треба да направите отстапка
Николовски: Груевски останува во ВМРО-ДПМНЕ, не учествувал во обезбедувањето на 2/3 мнозинство
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.