МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Унгарската амбасада во Тирана не коментира дали Груевски минал една ноќ во амбасадата..
Макрадули: Планираме за две години да го намалиме загадувањето на воздухот за 50 отст..
Бошњаковски: За екстрадицијата на Груевски прибрана е документација на 400 страници
Орбан: Прашајте ги адвокатите зошто Груевски не е во транзитен центар
Здравје
Абортус ќе може да се изврши и со таблети

Абортус ќе може да се изврши и со таблети

вторник, 16 октомври 2018, 12:02ч.   |   Z.H.

 Наместо со хируршка интервенција, жените во Македонија ќе може да извршат прекин на бременоста и со таблети, а тоа и законски ќе им биде дозволено, предвидуваат законските измени што се подготвуваат во Министерството за здравство.

 
И други олеснувања се предвидуваат со новите измени на Законот за прекин на бременоста – жената која сака да абортира до 12. недела од бременоста нема да мора да се јави на комисии, советувања и да чека уште 5 работни дена за да размисли.  Членовите на експертската група неделава треба само да ги усогласат различните ставови за абортусот од 12. до 22. гестациска недела.
 
Досега, терапијата за абортусот со лекови, кој може да се изврши во рана бременост, не беше достапна за лекарите зашто сѐ уште овие препарати не се регистрирани во Агенцијата за лекови.
 
Министерот за здравство, Венко Филипче, во изјава за Сител појаснува дека има легално решение овие лекови да им бидат достапни на лекарите.
 
– Ќе најдеме начини како тој лек да е достапен ако не преку регистрација, тогаш постојат други алтернативни решенија со кои може да го има во земјата. Жените да  имаат уште едно право на избор, секако во консултација со гинеколог – вели Филипче.
 
Со новите законски измени, и за абортусот од 12. до 22. гестациска недела, според министерот, волјата на жената ќе биде на прво место. Нема да има комисија која одлучува како досега, но по барање на гинеколозите ќе има еден вид советодавно тело бидејќи на лекарот му треба и второ мислење.
 
За поодмината бременост – по 22. недела од бременоста, ќе има комисија од лекари од различни области кои жената ќе ја советуваат за сите слабости доколку е утврдено дека плодот е со аномалии.
 
Министерот Филипче нагласи дека прават европски и либерален закон кој е во интерес на жените.
 
Постојното законско решение е од пред пет години, а предизвика бројни реакции во јавноста, како и протести од невладините организации.

© ЖУРНАЛ    ~108,36

НАЈЧИТАНИ ОД ЗДРАВЈЕ
Абортус ќе може да се изврши и со таблети
Како влијаат хорор филмовите на здравјето?
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.