МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Османи: Македонија и Србија можат да си помогнат на патот кон ЕУ
ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Спасовски да си поднесат оставки и да не ја префрлуваат вината на ..
Посебно одделение да ги суди предметите на СЈО, предлага Советот за следење на реформ..
Политика – Груевски избегал во Унгарија преку Албанија
Македонија
Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент

Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент

понеделник, 15 октомври 2018, 15:46ч.   |   Xh.I.

Договорот од Преспа е важен и поволен договор за Грција и регионот и ќе добие мнозинство од пратениците во грчкиот Парламент, рече грчкиот министер за поморство, Фотис Кувелис во интервјуто за првата програма на грчкото државно радио.

– Мојата проценка е, но би рекол и убеденост е дека Договорот од Преспа, еден особено важен и поволен договор за Грција и за поширокиот регион, ќе помине. Мојата проценка е дека бројот на пратеници во грчкиот парламент кои ќе гласаат за Договорот од Преспа, секако ако се завршат, како што е предвидено во самиот договор, процесите во ПЈРМ, мнозинството ќе се обезбеди и од пратеници кои не припаѓаат на СИРИЗА, рече Кувелис.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Кувелис кој е поранешен претседател на Демократска левица, партијата која што сега коалицира со ПАСОК во Движењето за промена, рече дека посакува единствени пратеник од неговата поранешна партија да се потсети на конкретната позиција за решавање на прашањето со името и да заземе поразличен став од останатите пратеници од Движењето на промена, односно да го поддржи Договорот од Преспа.

Грчкиот министер истакна дека позициите Панос Каменос, за планот Б е личен став на коалициониот партнер во владата.

– Јасно е дека господинот Каменос, Независни Грци, учествуваат во владата, соработуваат и ќе соработуваат и покрај она што во последните денови беше изразено од страна на Каменос, тоа не е централен политички избор на владата во прашањата во надворешната политика. Тоа е лично мислење на господинот Каменос, објасни министерот за поморство на Грција.

Во однос на тоа дали би поминал во парламентот евентуалниот предлог за гласање недоверба на владата пред договорот да дојде за ратификација, Кувелис објасни дека станува збор за 2 различни прашања и два различни процеси. Министерот за поморство на Грција, изрази убеденост дека и владата ќе добие доверба и Договорот од Преспа ќе биде ратификуван.

© ЖУРНАЛ    ~66,22

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Иво Котевски за „Пинк“: Заев ќе изгубеше на предвремени избори
Емилија Александрова: Тоа што ме исклучија од ВМРО-ДПМНЕ го доживеав многу тешко, но не им се лутам
Иванов може да го помилува Груевски, по негова молба или на Боркица, Мијалков или мајка му Нада
Интервју со Филип Ачкоски, топ едукатор: Расте интересот за здрав живот
Адеми до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ: Се откажав од идеалот за Голема Албанија, понекогаш треба да направите отстапка
Николовски: Груевски останува во ВМРО-ДПМНЕ, не учествувал во обезбедувањето на 2/3 мнозинство
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.