МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Шекеринска: Отворен е патот за излез на Македонија од изолација
Ковачев: ВМРО-ДПМНЕ користи комунистички лаги и шири омраза
Ахмети до Коѕијас: Ви се заблагодарувам за посветеноста за затворање на прашањата со..
Левица најави антивладини протести
Македонија
Смилевски остана без пасош, Димитровски и Главчев ќе се јавуваат

Смилевски остана без пасош, Димитровски и Главчев ќе се јавуваат

недела, 14 октомври 2018, 09:13ч.   |   Z.H.

 Нема притвор за тројца од осомничените во најновата истрага на СЈО со кодно име „Поштенска банка". Судијата на претходна постапка, Седат Реџепаѓиќ, по рочиште од девет часа, одлучи да не им определи притвор на тројцата осомничени.

 
 
Наместо тоа, на Коле Смилевски судот му го одзеде пасошот, а за останатите двајца Томе Главчев и Ратко Димитровски, беа изречени мерки да се јавуваат во судот.
 
Специјалното јавно обвинителство најави жалба во врска со оваа судска одлука.
 
Истрагата „Поштенска банка" е финансиска истрага, во рамки на која, девет лица се осомничени за сторени кривични дела злоупотреба на службената положба и овластување, перење пари и други приноси од казниво дело од член 273 од КЗ.
 
Со истрагата се опфатени лицата Коле Смилевски, Томе Главчев, Ратко Димитровски, Викица Поповски, Георги Каратолис, Кирил Јаневски, Зоранчо Митровски, Ристо Милев и Златко Ѓорчев.
 
Од извршените кривични дела сторени во временскиот период од 2001 до 2010 година била прибавена имотна корист во износ од околу 5 милиони евра.
 
Во почеток на 2001 година Љубчо Георгиевски, како претседател на Владата на Република Македонија, Марјан Ѓорчев како вицепремиер и Никола Груевски како министер за финансии, со цел да го контролираат фактичкото функционирање на „Поштенска банка", организирале во основањето на Банката, покрај „Македонска пошта", која била во државна сопственост, да учествуваат и правни лица кои тие ги избрале – „Ноел Експорт импорт" Гевгелија и печатница „Европа 92" Кочани.
 
Сепак, поради застареноста на кривичното дело, СЈО во овој случај нема да ги гони Георгиевски, Ѓорчев и Груевски.

© ЖУРНАЛ    ~84,28

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Весна Пешиќ: Не гледам зошто ви пречи да се викате Северна Македонија!
Јорданов: Ми извадија список дека должам 30 милиони евра
Денко Малески: Кој ни гарантира дека ке останеме Македонци во Северна Македонија?
Лицитација со вмровските пратеници
Емилија Александрова: Тоа што ме исклучија од ВМРО-ДПМНЕ го доживеав многу тешко, но не им се лутам
Адеми до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ: Се откажав од идеалот за Голема Албанија, понекогаш треба да направите отстапка
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.