МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
СДСМ: Братот на Миленко добивал субвенции од претходната власт за чување кози
Уставниот суд ги отфрли иницијативите за Одлуката за уставни измени
Власта ќе бара поддршка од 80 пратеници за законот за СЈО, најави Дескоска
ОЈО за две недели ќе објави информации од истрагата за бегството на Груевски
Македонија
Шекеринска за Османи: Не се мешаме во обвинителството

Шекеринска за Османи: Не се мешаме во обвинителството

четврток, 11 октомври 2018, 11:22ч.   |   Xh.I.

Функционирањето на правната држава значи дека никој не е над законот, но владеењето на правото исто така значи дека постапките ќе дефинираат дали некој е одговорен, носи таква одговорност или не. Како Влада покажавме дека нема да се мешаме во работата на органите кои мора да бидат независни. Знаеме дека постоеја дилеми, знаеме дека постоеја различни критики дека аршинот е различен. Се покажува уште еднаш дека во оваа држава сите ние ќе бидеме еднакви пред законот.

Ова денеска го изјави заменик-претседателката на Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска одговарајќи на новинарско прашање во врска со тоа дали ќе го повикаат вицепремиерот Бујар Османи на одговорност, чие име се спомнува во една од истрагите на Специјалното јавно обвинителство.

- Од почетокот на мандатот на оваа Влада кажавме дека ќе се држиме до правилото да не се мешаме во работата ниту на обвинителствата, ниту на судството и тоа вчера се покажа дека е точно и дека не се празни зборови. Вицепремиерот Бујар Османи имаше изјава до јавноста во која кажа дека ги поздравува истрагите дека нема од што да се плаши и дека очекува постапката тоа и да го покаже, рече Шекеринска .

© ЖУРНАЛ    ~108,36

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Орбан пред пратениците го бранеше политичкиот азил на Груевски
Иванов може да го помилува Груевски, по негова молба или на Боркица, Мијалков или мајка му Нада
Интервју со Филип Ачкоски, топ едукатор: Расте интересот за здрав живот
Мукоски: Им благодарам што им текна да ме посетат, ама протестното писмо за уставните измени е на погрешна адреса
Груевски добил азил во Унгарија?
Вистината за 27 април ја видов на осми кат во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, откри Нинџа
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.