МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Власта ќе бара поддршка од 80 пратеници за законот за СЈО, најави Дескоска
ОЈО за две недели ќе објави информации од истрагата за бегството на Груевски
НЕМА ЦЕЛОСНА АМНЕСТИЈА ЗА 27 АПРИЛ, ОРГАНИЗАТОРИТЕ И ТЕПАЧИТЕ ЌЕ ОДГОВАРААТ, ИЗГОТВЕН..
Ѕанакопулос: Заев води тешка битка во клима отежната од национализми
Македонија
СЈО со шест нови истраги, осомничени Ставрески, Груевски, Јанушев, Луковски

СЈО со шест нови истраги, осомничени Ставрески, Груевски, Јанушев, Луковски

четврток, 11 октомври 2018, 00:02ч.   |   B.M.

СЈО отвори нови истраги, шест на број, кои не почнуваат на буквата Т.

Овој пат доминираат случаите кои почнуваат на букавата П, и тоа случајот „Подарок“, „Пропаганда“ и „Пациент“. Останатите три случаи одат под името „Дизајн“, „Хармонија“, и „Базни Станици“.

Меѓу осомничените политички актери фигурираат Никола Груевски и Миле Јанакиески, против кои веќе се водат процеси за тешки кривични дела. Листата на осомничени на СЈО се збогати и со нови лица, тука се ексминистерот за финансии Зоран Ставрески, актуелниот вицепремиер за европски прашања Бујар Османи, осомничен за перидот кога министерувал со Здравство, потоа, актуелниот генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ Игор Јанушев, но и пораншениот директор на Т Мобиле, Жарко Луковски, како и поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевче Јакимовски.

Овие лица заедно со уште 20-тина други се осомничени дека го оштетиле државниот буџет во висина од речиси 80 милиони евра.

Во истрагата „Подарок“ осомничени се Ставрески и  Јанакиески, дека во периодот од јануари 2012 година до јули 2014 ја злоупотребиле службената положба и овластувањата и го оштетиле Буџетот за речиси 33 милиони евра, бидејќи прибавиле имотна корист за руска компанија. Рускиот долг требало да се регулира со изградба на гасоводот Клечовце- Блок станица 5, за цена далеку повисока од реалната. Со една реченица, Македонија фактички со свои средства си го платила гасоводот, а дологот на Русија кон Македонија, фактички станал подарок за Русија, пишува СЈО.

Во втората истрага наречена „Пропаганда“ се опфатени девет лица, меѓу кои и Никола Груевски, Кирил Божиновски, и актуелниот директор на МРТ, Марјан Цветковски. СЈО се сомнева дека осомничените на чело до Грувески, формирале злосторничко здружение, со кое преку распределба на средства од државниот буџет и преку преземање на локални телевизии и едно радио влијаеле на независноста на радиодифузерите. За  период од пет години, од 2010 до 2015 година, биле испалтени 30 милиони евра од буџетот, а најголем дел од парите завршиле кај радијата и телевизиите кои ја поддржувале политиката на ВМРО-ДПМНЕ.

Во случајот „Пациент“ се осомничени 15 лица, меѓу кои и Бујар Османи како поранешен министер за здравство. СЈО ги сомничи дека фаворизирале и доделиле јавна набавка на фирма од Бугарија, за која иако знаеле дека не ги исполнува условите, била избрана да ги реконструира болниците во Тетово и Охрид, како и гинеколошата клиника Чаир во Скопје.

Во четвртата истрага „Дизајн“, осомничен е Миле Јанакиески и уште тројца службеници за злоупотреба на служабената положба и овластување при набавката на двокатни автобуси за град Скопје. Тие ја фаворизирале кинеската фирма ЈУТОНГ и го оштетиле буџетот во износ од пет  милиони евра.

Истрагата за случајот „Хармонија“, ги сомничи Никола Груевски, Миле Јанакиевски и Стевче Јакимовски, дека незаконски му дозволиле на приватниот Меѓународен балкански универзитет да добие две парцели на атрактивно земјиште во касарната Илинден, со што го оштетиле буџетот за речиси 400 илјади евра.

Последниот случај кој го објави СЈО, наречен „Базни станици“ го сомничи поранешниот директор на Т Мобиле, Жарко Луковски, дека и платил на фирмата Бетон, трипати повисока цена, во висина од 3, 5 милиони евра, за легализација на дивопоставени базни станици.

© ЖУРНАЛ    ~84,28

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Орбан пред пратениците го бранеше политичкиот азил на Груевски
Иванов може да го помилува Груевски, по негова молба или на Боркица, Мијалков или мајка му Нада
Интервју со Филип Ачкоски, топ едукатор: Расте интересот за здрав живот
Мукоски: Им благодарам што им текна да ме посетат, ама протестното писмо за уставните измени е на погрешна адреса
Груевски добил азил во Унгарија?
Вистината за 27 април ја видов на осми кат во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, откри Нинџа
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.