МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Шекеринска: Отворен е патот за излез на Македонија од изолација
Ковачев: ВМРО-ДПМНЕ користи комунистички лаги и шири омраза
Ахмети до Коѕијас: Ви се заблагодарувам за посветеноста за затворање на прашањата со..
Левица најави антивладини протести
Македонија
Адеми до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ: Се откажав од идеалот за Голема Албанија, понекогаш треба да направите отстапка

Адеми до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ: Се откажав од идеалот за Голема Албанија, понекогаш треба да направите отстапка

среда, 10 октомври 2018, 16:06ч.   |   Xh.I.

Пратеникот на ДУИ, Џеват Адеми, на денешната комисиска расправа за уставни измени во Собранието им порача на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, да направат отстапка и да го прифатат Договорот со Грција, затоа што на тој начин, рече, Македонија ќе добие многу. Адеми ја спореди таа отстапка со неговото откажување од Голема Албанија, идеал, рече, од кој се откажал во минатото.

-Да ги поддржиме предложените амандмани. Кога почнав со мојот политички  активизам, мој идеал беше обединување на сите алабнски подрачја во единствена албанска држава, сум имал 18 години. Потоа 8 години бев во затвор. Замислете каков компромис е ова. Од еден сон за етничка држава, махинално, благодарение на подоцнежните настани завршив со Косово како суверена и независна држава, што не можев да го замислам. Во политиката како и во животот понекогаш треба да направиш мал компромис за нешто големо, а големото на оваа држава е да стане членка на големото европско семејство – рече Адеми.

Јас, рече тој, сум еден од 250.000 Албанци кои гласаа „да“ на референдумот. Според Адеми, не треба да се води сметка за тие кои бојкотираа, бидејќи нив, рече, ги гази тркалото на историјата.

Доколку Македонија ја пропушти шансата, додаде, ќе стане црна точка во светот.

-Почитувани колеги од опозицијата, секој пресврт не е историски, историска ситуација е таа кога Грција нема да може повеќе да го блкоира патувањето на Македонија кон евро-атланските интеграции. Ова е моментот. Втора шанса немаме, репете немаме. Ве разбирам, мора да има и емоции. Ги повикува колегите да го слушнат гласот на разумот. Лош совет е да се водиш во овој момент од емоциите. Верувајте ми, идните генерации и историјата ќе не оправдата. Секако дека има цена, но целта е поголема и повозвишена од овој компромис, наметнат секако бидејќи принудени сме да го склучиме. Граѓаните на Македонија имаат потреба од сплотеност и обединување. Македонија никогаш нема да има подобар договор од овој – порача тој.

© ЖУРНАЛ    ~254,86

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Весна Пешиќ: Не гледам зошто ви пречи да се викате Северна Македонија!
Јорданов: Ми извадија список дека должам 30 милиони евра
Денко Малески: Кој ни гарантира дека ке останеме Македонци во Северна Македонија?
Лицитација со вмровските пратеници
Емилија Александрова: Тоа што ме исклучија од ВМРО-ДПМНЕ го доживеав многу тешко, но не им се лутам
Адеми до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ: Се откажав од идеалот за Голема Албанија, понекогаш треба да направите отстапка
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.