МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Власта ќе бара поддршка од 80 пратеници за законот за СЈО, најави Дескоска
ОЈО за две недели ќе објави информации од истрагата за бегството на Груевски
НЕМА ЦЕЛОСНА АМНЕСТИЈА ЗА 27 АПРИЛ, ОРГАНИЗАТОРИТЕ И ТЕПАЧИТЕ ЌЕ ОДГОВАРААТ, ИЗГОТВЕН..
Ѕанакопулос: Заев води тешка битка во клима отежната од национализми
Колумни
Пет заклучоци од референдумот

Пет заклучоци од референдумот

среда, 10 октомври 2018, 16:19ч.   |   Xh.I.

Роберт Несими

Покрај импликациите за договорот за името и за интеграциите во ЕУ и НАТО, резултатите од референдумот може да се читаат и од чисто политички агол. Тоа е пресек на тежината на сите политички фактори во земјата, една година по локалните избори. Еве неколку заклучоци.

1. Слабоста на СДСМ: Под претпоставка дека Албанците гласаа на референдумот во исти бројки како претходните два изборни циклуси, а истото го направија и малцинствата, СДСМ има пад на гласовите од парламентарните и локалните избори. Во зависност од точниот број на Албанци и малцинства што гласаа, ова бројка варира од 50.000 до 100.000. Во секој случај, јасно е дека СДСМ не успеа да ги мотивира сопствените гласачи, а не пак да однесе други до гласачките кутии. Цензусот навистина беше преголем и нереален, но јасно е дека на СДСМ му требаше подобар резултат.

Резултатот од референдумот сега ја комплицира нејзината математика за евентуални парламентарни избори, било тие да се одржат сега или напролет. Со овој неуспех веќе не е јасно дали таа би можела да ја подобри сопствената позиција во Парламентот. Затоа во наредниот период ќе слушаме се повеќе повици за широка проевропска коалиција на сите партии без ВМРО. Ова не е резултат на некој висок идеал, туку зборува за стравот на СДСМ да се соочи сама со гласачите.

2. Слабоста на ВМРО: И ВМРО не е во подобра позиција, без разлика што му се случи на СДСМ. Повеќе од 600.000 гласа за договорот навистина беа премалку, но ВМРО не можеше ни на сон да собере толку гласови против, дури и да беше целосно активна во процесот. Затоа таа претпочита да седи настрана и потоа комично да се обиде да ја презентира апстиненцијата како глас за неа. Размислувајќи за наредните избори, ВМРО знае дека никогаш не ќе може да освои повеќе гласови од кампот „за“. Со нерешен проблем со името она веќе нема никаков коалициски потенцијал, и со сигурност ќе се најде повторно во опозиција. Токму поради тоа не сака избори сега, а сите нејзини предлози всушност се само обиди за купување време. Наспроти нејзините спинови, таа од референдумот доби лоша поделба на карти, или пак поделба која не знае како да ја игра.

3. Ништо чудно во албанскиот блок: Албанците сега се обвинуваат подеднакво од двете страни. Кампот „за“ имаше поголеми очекувања за нивната излезеност, а кампот „Против“ мисли дека сепак гласаа премногу Албанци, и се обидува вината да ја посочи кај полнењето кутии. Но, ако ја споредиме излезеноста во центрите со албанско население, таа е некаде помеѓу локалните и парламентарните избори. Во бројки ова се преведува на 220.000 до 250.000 гласови. На некои места излезеноста навистина изгледа превисока, но овие се претежно мали рурални средини. И да имало полнење кутии, вкупниот број не би требало да е превисок, сигурно не 50.000-те на кои претендираат некои провмроски аналитичари.

Сепак, вреди да се прегледа листата на овие места со сомнителни резултати: Липково, Арачиново, Студеничани, Сарај и Пласница. Заедничкото на овие места е апсолутната доминација на ДУИ (во Студеничани заедно со ДПА) во однос на другите албански партии. Така, изгледа дека ДУИ, а не опозициските партии имаше проблем да ги однесе нејзините гласачи до избирачките места. Далеку од очекуваниот поттик за ДУИ, референдумот всушност ги изложи нејзините слабости. Затоа ДУИ не е баш возбудена со проспектот на брзи избори, а ако се случат, можно е повторно да бара спас во прегратките на СДСМ.

4. Неуспехот на „локалната“ меѓународна заедница: Меѓународната заедница,под која се подразбира ЕУ, НАТО и земјите членки, ги повлекоа правите потези и ги испратија правите пораки за референдумот. Стана јасно, ако веќе не беше, дека договорот за името е предуслов за интеграцијата, и дека одбивањето на тој договор ќе значи меѓународна изолација за Македонија. Високите политичари и дипломати кои ја посетија земјата во последниот месец дополнително ја поткрепија оваа порака.

Сепак, овој висок степен на ангажман околу Македонија не даде плодови. Дел од вината секако е кај партиите на власта. Но,еднаква вина има и локалните претставници на овие институции и земји, таканаречената „локална“ меѓународна заедница. Јасно е дека овие дипломати од трет и четврт ранг, фамозно наречени „корумпирани ѓубриња“ од бившиот министер на финансии Ставревски во една од бомбите, ги немаат способностите и карактерот да бидат вистински претставници на еден просветлен Запад. Длабоко во себе тие имаат менталитет на елитни „салонски политичари“ и не е ни чудно што нивните активности немаат допир со обичниот човек кој требаше да излезе да гласа. По референдумот крајно време е меѓународната заедница да го преиспита нејзиниот приод и реевалуира нејзиниот персонал во Македонија.

5. Егзистенцијалната дилема на ВМРО: На крајот,референдумот и целиот процес со името го донесе ВМРО до егзистенцијална раскрсница. Што и да се каже за СДСМ, таа партија веќе има јасен нескриен идентитет на чиста проевропска партија. Истото не може да се каже за ВМРО. Досега таа паралелно држеше два идентитета, реторично како проевропска, но реално како националистичка партија која ги минираше сите изгледи за НАТО и ЕУ интеграција.

Овој приод беше толериран од нужност кога таа беше на власт, а потоа ѝ се даде шанса да се реформира во последните година и пол. Но тоа толерирање завршува сега. Со земјата на крстопат ВМРО треба да одлучи еднаш засекогаш за нејзиниот идентитет. Таа може да престане да го блокира договорот, да се помирува со меѓународната заедница и останатите партии и така да се обиде да победи на наредните избори и да формира влада. Или, може да го опструира договорот, да стане чиста националистичка партија и да заборави на ЕУ и НАТО. Во тој случај таа ќе ги затвори вратите на соработка со останатите партии и ќе остане засекогаш сама и во опозиција, се додека не се распадне.

Така наспроти сегашната перцепција, референдумот го притисна ВМРО во агол повеќе од која било друга партија. Таа се соочува со егзистенцијална дилема како никогаш досега во нејзината историја.

© ЖУРНАЛ    ~100,34

НАЈЧИТАНИ ОД КОЛУМНИ
Признале или не, Митко Јанчев ни одржа лекција!
Отсутниот Грујо ќе го урне присутниот Заев?
Рибата Ванда исплива на површина
Зошто во тоа колено?
Лошите вести од ВМРО-ДПМНЕ се добри
Проблематичен до крај
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.