МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Власта ќе бара поддршка од 80 пратеници за законот за СЈО, најави Дескоска
ОЈО за две недели ќе објави информации од истрагата за бегството на Груевски
НЕМА ЦЕЛОСНА АМНЕСТИЈА ЗА 27 АПРИЛ, ОРГАНИЗАТОРИТЕ И ТЕПАЧИТЕ ЌЕ ОДГОВАРААТ, ИЗГОТВЕН..
Ѕанакопулос: Заев води тешка битка во клима отежната од национализми
Македонија
Фетаи: Обвинетиот Пецов може и да забремени

Фетаи: Обвинетиот Пецов може и да забремени

среда, 10 октомври 2018, 15:13ч.   |   Xh.I.

Специјалното обвинителство побара поранешниот премиер Никола Груевски да биде приведен од полицијата и донесен во судница за да му се суди за „нарачаните шамари во Центар“. Причината за ваквиот потег на обвинителката Фатиме Фетаи беше доцнењето на Груевски. Но, после 20 минути тој се појави. СЈО денеска побара и раздвојување на постапката за обвинетиот Митко Пецов. И тој денеска не се појави на судењето поради здравствени проблеми.

„Обвинетиот е постојано болен. Сега скршил пршлен, па ќе заздравел за еден месец. Како што тргнал обвинетиот може да очекуваме дека ќе забремени“, рече обвинителката од СЈО, Фатиме Фетаи.

Судот го прифати предлогот на СЈО и на Пецов ќе му се суди посебно. Денешното рочиште продолжи со сослушување сведоци. Што се случувало во 2013 година на седниците во општина Центар раскажуваше тогашниот претседател на Советот, Мирослав Шиповиќ. Посочи дека советниците од ВМРО – ДПМНЕ некој цело време ги координирал по телефон, а неговите колеги Даниела Рангелова и Томислав Лазаров дури и му се качиле на бирото. На листата сведоци е и сегашниот градоначалник на Центар, Саша Богдановиќ. Посебен впечаток му оставило однесувањето на толпата.

„Начинот и вулгарноста на коишто беа спремни за да ја спречат, да ја одложат таа седница на којашто требаше да се отфрлат деталните урбанистички планови сè со цел да спречи „Скопје 2014“, рече Саша Богдановиќ, градоначалник на Центар.

Судењето за нарачаните шамари во Центар започна пред две години и беше меѓу првите случаи на СЈО. Во овој предмет двајца обвинети веќе признаа вина, а на двајца други ќе им се суди посебно. За кривичното дело „насилство“ обвинети се екс-премиерот Никола Груевски, неговите блиски соработници, Миле Јанакиески и Даниела Рангелова, но и уште девет лица.

© ЖУРНАЛ    ~93,31

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Орбан пред пратениците го бранеше политичкиот азил на Груевски
Иванов може да го помилува Груевски, по негова молба или на Боркица, Мијалков или мајка му Нада
Интервју со Филип Ачкоски, топ едукатор: Расте интересот за здрав живот
Мукоски: Им благодарам што им текна да ме посетат, ама протестното писмо за уставните измени е на погрешна адреса
Груевски добил азил во Унгарија?
Вистината за 27 април ја видов на осми кат во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, откри Нинџа
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.