МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Шекеринска: Отворен е патот за излез на Македонија од изолација
Ковачев: ВМРО-ДПМНЕ користи комунистички лаги и шири омраза
Ахмети до Коѕијас: Ви се заблагодарувам за посветеноста за затворање на прашањата со..
Левица најави антивладини протести
Македонија
Продолжете во благопријатна атмосфера, ама немате двотретинско мнозинство, порача Вељаноски и излезе од салата

Продолжете во благопријатна атмосфера, ама немате двотретинско мнозинство, порача Вељаноски и излезе од салата

среда, 10 октомври 2018, 15:12ч.   |   Xh.I.

Менувањето на Уставот е спротивно на мнозинската волја на народот, порача пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељаноски, кој веднаш по премиерот Зоран Заев се обрати пред членовите на собраниската Комисија за уставни промени, а по обраќањето ја напушти салата.

Изјавувам дека немам мандат ниту намера да учествувам во обидите за менување на Уставот. До сега сами го водевте процесот кој народот го запечати со референдумски неуспех. Продолжете во благопријатна атмосфера, но знајте дека немате двотретинско мнозинство за менување на Уставот“, рече Вељаноски.

Според него, Договорот со Грција бил штетен, нелегален и противуставен и бил склучен во тесен владин круг, без да се вклучат опозицијата и експертите, а не е потпишан ниту од претседателот на државата. Вељаноски додаде дека граѓаните на референдумот го отфрлиле договорот.

„Се случи 30 септември кога со пасивност и неизлегување народот ја победи пропагандата на власта. Тоа е императив, задолжителна обврска за Собранието и за сите. Немаме мандат да ја менуваме одлуката на народот. Немаме намера да учествуваме во обидот за менување на Уставот“, изјави Вељаноски.

Другите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ останаа во салата и дел од нив сепријавени за реплики.

© ЖУРНАЛ    ~66,22

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Весна Пешиќ: Не гледам зошто ви пречи да се викате Северна Македонија!
Јорданов: Ми извадија список дека должам 30 милиони евра
Денко Малески: Кој ни гарантира дека ке останеме Македонци во Северна Македонија?
Лицитација со вмровските пратеници
Емилија Александрова: Тоа што ме исклучија од ВМРО-ДПМНЕ го доживеав многу тешко, но не им се лутам
Адеми до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ: Се откажав од идеалот за Голема Албанија, понекогаш треба да направите отстапка
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.