МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Утре и задутре затворен патот Велес – Градско
Собраниската седница прекината, матичните комисии треба да ги разгледаат предлог-зако..
Заев: Начелно постои согласност за консензуален претседателски кандидат
ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните заслужуваат претседател, кој ќе ја води државата кон нови побед..
Спорт
Несторовски: Сакам да „тресам“ мрежи и да носам победи и за Македонија!

Несторовски: Сакам да „тресам“ мрежи и да носам победи и за Македонија!

среда, 10 октомври 2018, 13:13ч.   |   Xh.I.

Фудбалерите работат напорно и ги одбројуваат деновите за мечот со Лихтенштајн на кој силно се посакува победа со која ќе се направи исчекор кон првото место во групата и пласманот во плеј-офот од Лигата на нациите. Тоа го потврдува Илија Несторовски, кој пред медиумите вели дека е важно да се добијат наредните два дуела од октомврискиот циклус.

    „Не чека еден натпревар со репрезентација против која сме фаворити. Но, максимално сме фокусирани, знаеме што ќе ни значи да победиме во тој меч. Сакаме да имаме успех пред гостувањето во Ерменија. Играм во добра форма, се надевам дека ќе продолжам со головите и во репрезентацијата во која имам застанато со головите. Знаеме дека сме фаворити, најважно е да се победи. Без разлика дали ќе биде со 1-0 или 7-0, важно е да се триумфира. Ако победиме на наредните два меча, ќе го обезбедиме првото место во групата“, изјави Несторовски.

Девет меча по ред националниот тим не знае за неуспех ако се бројат натпреварите во сите конкуренции, а дуелот со Лихтенштајн кој е закажан на 13 октомври во Скопје ќе биде убава шанса да се удри јубилејната „десетка“ и да се подобри рекордот на Игор Ангеловски.
 

© ЖУРНАЛ    ~64,22

НАЈЧИТАНИ ОД СПОРТ
Откриено кој го изнајмил авионот за кобниот лет на Сала
„Некој му дозволил на Сала да направи голема лудост која ја плати со – својот живот!“
Неверојатен пресврт: Клоп го напушта Ливерпул и се сели во редовите на Реал Мадрид
Мурињо поставил два услови за да се врати во Реал Мадрид
Ница го отпушти Балотели, но за нов клуб воопшто не чекаше
„Ако Мурињо сака кај нас – парите не се проблем“
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.