Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Секојдневни навики штетни за бубрезите

СЈО ќе ја „трезни“ Општината од „Пивофест“
Жрепка за редоследот на листите за локалните избори
Анкета ИРИ: Расте оптимизмот за членството на Македонија во ЕУ

Здравје

Секојдневни навики штетни за бубрезите
bubreg_3.jpg

Бубрезите се незаменлив пар органи без кој организмот не може да функционира. Оштетувањето на бубрезите често станува неосетно, а кога симптомите ќе почнат да се појавуваат, може да е доцна за враќање назад.

Со некои секојдневни навики штетиме на бубрезите без тоа да го сфаќаме. Важно е да се задржат овие органи здрави, бидејќи нивната дисфункција може да доведе до бројни сериозни проблеми, меѓу кои инфаркт или мозочен удар.

Кои се лошите навики кои ги оштетуваат бубрезите?

Потрошувачка на пакувани и готови јадења

Поголем дел од преработената и пакувана храна содржат премногу надуени количества натриум, од кој телото нема потреба. Преработката му ги отежнува бубрезите. За да се филтрира натриумот во организмот се ослободува и големо количество калциум, кој сепак се одложува во бубрезите. Ова предизвикува формирање на камења.

Неконтролиран крвен притисок

Крвниот притисок може да влијае не само на работата на срцето и крвните садови, но и бубрезите. Во бубрезите се концентрирани бројни важни крвни садови. Висок притисок во нив води до неповратни оштетувања на бубрезите.

Пушењето

Пушењето им штети на белите дробови, но и на бубрезите. Студија од 2012 година утврди дека откажувањето на цигарите го намалува ризикот од карцином на бубрезите со до 40 и повеќе проценти. Пушењето ги оштетува и крвните садови, што индиректно би можело да предизвика болести на бубрезите.

Дехидрација

Жедни сте, но не пиете вода? Голема грешка, која ги оштетува бубрезите и функционалното ткиво. Одржување на избалансирано и хидрирано тело ја олеснува работата на бубрезите и прикажувањето на токсините од нив и организмот.

Често пиење на лекови против болки

Неконтролираното пиење на лекови, иако се издаваат без рецепт, е штетно за бубрезите. Ако прагот на толеранција за болка е низок и посегнувате кон пенкилер често, тоа може да го оштети бубрезите. Тие ќе се крајно отежнати во обработката на овие хемикалии.

Бидете особено внимателни со нестероидните антиинфламаторни лекови. Тие се агресивни не само кон бубрезите, но и кон црниот дроб, желудникот, цревата.

Земање на додатоци во исхраната

Ако мислите дека прехранбените адитиви за безопасни, грешите. Тие, како и сè друго, апсорбирани во устата, се филтрираат од бубрезите. Ова може да предизвика секакви проблеми, најмногу поради материи кои ви доаѓаат вишок и од кои немате потреба, а ги земате без да си давате сметка за тоа.

Прекумерна тежина

Дебелината ве става во ризик од дијабетес тип 2, кој за возврат ја зголемува опасноста од појава на бубрежни заболувања како последица.

 08.09.2017, 16:52  | L.E. | 135

 

© ZURNAL.mk

 Здравје 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

27655
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.