Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Манифестацијата „Струшка музичка есен“ викендов во Струга

СЈО ќе ја „трезни“ Општината од „Пивофест“
Жрепка за редоследот на листите за локалните избори
Анкета ИРИ: Расте оптимизмот за членството на Македонија во ЕУ

Култура

Манифестацијата „Струшка музичка есен“ викендов во Струга
stugaa.jpg

Струга, 8 септември- „Музиката и поединецот“ е темата на годинашното 42. издание на „Струшка музичка есен“ кое ќе се одржува од денеска до 10 септември во Струга.

Поканети се автори чии трудови ќе се осврнат на делувањето на индивидуите кои извршиле одредени влијанија врз различните аспекти кои ја допираат музичката уметност, при тоа не ограничувајќи се само на прогресивните и позитивните креации, туку и на негативните влијанија.

Како и секоја година, во рамки на конференцијата ќе се одбележат јубилеите на македонските творци и тоа: 80 години од раѓањето на композиторите Благој Цанев и Сотир Голабовски и на музичкиот писател Јелица Тодорчевска, 90 години од раѓањето и 10 години од смртта на композиторот и музиколог Драгослав Ортаков, 70 години од раѓањето на композиторот Илија Пејовски и 60 години од раѓањето на музикологот Марко Коловски.

Организатор на манифестацијата е Сојузот на композиторите на Македонија – СОКОМ, а селектори годинава се д-р Мирјана Павловска - Шулајковска и м-р Елени Новаковска

 08.09.2017, 16:47  | L.E. | 33

 

© ZURNAL.mk

 Култура 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

27710
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.