Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Apple ќе претстави три нови iPhone-а на 12-ти септември

Хан ја повика опозицијата да биде конструктивна
Дали Русија ќе ја спречува Македонија да влезе во НАТО?
Задолжителна зимска опрема за возилата, во спротивно 45 евра казна

Технологија

Apple ќе претстави три нови iPhone-а на 12-ти септември
appp.jpg

Оваа година Apple ќе ја претстави новата генерација на iPhone на 12-ти септември. Тогаш деби ќе направат три нови модели на телефонот, пријавени во The Wall Street Journal, повикувајќи се на свои извори во компанијата.

 

Apple за сега не дала официјален датум за дебито на новиот модел. Традиционално, сепак компанијата го прави тоа во вториот вторникот на септември, што оваа година е 12-ти. Освен тоа датумот секогаш се појавува по медиумите непосредно пред да стане официјален.

Се очекува настанот да биде спроведен во специјалната сала “Стив Џобс”, која е на територијата на новата централа на Apple. Во неа има место за околу 1.000 лица кои ќе се првите што го виделе во живо новите iPhone-и.

Два од нив најверојатно ќе носат имињата iPhone 7s и iPhone 7s Plus. Тие ќе го запазат традиционалниот календар на Apple и ќе се прилично обнова на претходниот модел отколку целосено нов производ.

Третиот модел сепак ќе биде поспецијален. Очекувањата се тој да се вика iPhone 8 или iPhone X и ќе биде посветен на 10-годишниот јубилеј на iPhone. Овој модел ќе биде првиот iPhone со OLED дисплеј. Телефонот ќе има уште дополнителни технологии и функции како безжично полнење на батеријата, помоќен хардвер и др. Сето ова ќе се одрази и на неговата цена, која се очекува да започнува од 999 долари. Новите модели на телефонот ќе имаат и важна задача да го вратат растот на продажбата и профитот од iPhone, кои се влошија во последните две години.

 04.09.2017, 10:14  | L.E. | 57

 

© ZURNAL.mk

 Технологија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

1842
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.