Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Да создадеме култура на носење на очила

Да создадеме култура на носење на очила
СЈО ќе ја „трезни“ Општината од „Пивофест“
Жрепка за редоследот на листите за локалните избори

Македонија

Да создадеме култура на носење на очила
ct14087-c03-740x450.jpg

Окото прима 90% од информациите од околината.
Окото е специфичен орган кој не боли, кој не чеша и само одеднаш стануваме свесни дека ни е потребен преглед кај офталмолог кој ни одредува корективни леќи. Избегнувањето на носење на очила е еднакво на избегнување на вистинската слика од околината. А нивното носење е средба со она што животот ни го пружа. Вистинскиот избор на очилата за диоптрија, дополнително Ви го истакнува карактерот, го заокружува целокупниот впечаток на личноста, нуди самодоверба, ве разубавува и на крајот на краиштата прават да прогледате.

CHANTAL THOMASS lunettes е бренд кој не познава компромис на квалитетот за сметка на естетскиот дел. Тоа е бренд на очила за диоптрија и за сонце кој е дизајниран од француската креаторка Chantal T. која по природа е ексцентрична, самоуверена, поинаква и тоа само по себе ја прави уникатна. Токму такви се и очилата која таа ги креира. Grosfilley e француска куќа која ја има лиценцата за произвотство на нејзините очила.

Таа се наоѓа во источниот дел на Франција во градот Оyonnax кој уште се нарекува и ацетатна долина. Очилата Chantal Thomass се произведени од најквалитетен целулозен ацетат кој е хипоалерген и обоен со природни бои. Предностите на материјалот од кои се изработени очилата се тие што е цврст и поотпорен на удари, потешко се крши, не се лупи, не дехидрира лесно односно не пука, што значи дека не се употребува пластика која се инјектира и потоа се фарба, туку “телото” на очилата е исечено од една ацетатна плоча која потоа е рачно исполирана.

Она што ги прави претпознатливи овие очила е дополнителната чипка или попознатата француска тантела, тексас, памук или пак свила која е инкорпоринара во самиот ацетат.

“I only design for women’s pleasure”-,,Јас дизајнирам единствено за женско задоволство” е максима на Французинката која неуморно се труди да понуди производ за дамите кои сакаат да се суптилни, во исто време претставителни, оригинални и почитувани.

ДА СОЗДАДЕМЕ КУЛТУРА НА НОСЕЊЕ ОЧИЛА. Очилата се лик и одраз на нашиот карактер кои гордо треба да ги носиме на лицето, а не обична подмаица која е скриена под облеката.

ОПТИКА ММ Ве потсетува: не заборавајте очите се прозорец кон светот!

 22.09.2017, 15:37  | Z.U. | 322

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

30850
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.