Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Во Куманово изутринава уапсен Игор Југ, еден од напаѓачите во Собранието

Триесет проекти за намалување на загадувањето
Преку Софија, Македонија во ЕУ
Премиерите од Западен Балкан на маса со Могерини
УНДП: Затоплувањето на домаќинствата, индустриските капацитети и сообраќајот најголем..

Македонија

Во Куманово изутринава уапсен Игор Југ, еден од напаѓачите во Собранието
Igor-Jug.jpg

Изутринава во Куманово е уапсен Игор Југ, еден од групата која за време на „крвавиот четврток“ насилно влезе во Собранието, каде беа физички нападнати и повредени дел од пратениците. На него му беше одреден притвор, но досега беше во бегство. Во текот на денот се очекуваат повеќе детали од МВР во врска со настанот.

Тој беше посочен дека носел пиштол за време на настаните на 27 април во Собранието и кој според српскиот разузнувач Горан Живаљевиќ требал да го убие лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Игор Југ неодамна се огласи на неговиот Фејсбук профил каде напиша:

Ако сум сакал некого да убијам, зошто не сум го убил? Кој можеше да ме спречи? Можев со раце да удавам некој ако сакав, таму бевме 200 на 1!! Јас ли треба да бидам жртвено јагне у оваа ситуација!“

 21.09.2017, 09:54  | Xh.I. | 67

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

1999
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.