Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Путин и Ердоган би можеле да остварат средба во најскоро време

Триесет проекти за намалување на загадувањето
Преку Софија, Македонија во ЕУ
Премиерите од Западен Балкан на маса со Могерини
УНДП: Затоплувањето на домаќинствата, индустриските капацитети и сообраќајот најголем..

Регион

Путин и Ердоган би можеле да остварат средба во најскоро време
PUTINNN_1.jpg

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, наведе дека претседателот на Русија, Владимир Путин и неговиот турски колега Реџеп Тајип Ердоган би можеле во најскоро време да остварат телефонски разговори и да одржат состанок.

Песков синоќа изјави дека деталите поврзани со можните контакти на двајцата претседатели се уште се разгледуваат.

Ердоган, кој престојува во Њујорк поради учеството во Генералното собрание на ОН, истакна оти се надева дека в понеделник телефонски ќе разговара со рускиот претседател, а в четврток има намера да оствари средба со него.

Турскиот претседател посочи дека сака со неговиот руски колега да ја разгледаат ситуацијата во Сирија, како и купувањето на ракетните системи „С-400" од Русија.

Американските медиуми јавија дека Ердоган ќе одржи состанок со Путин на 28 септември.

 21.09.2017, 12:37  | L.E. | 49

 

© ZURNAL.mk

 Регион 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

1913
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.