Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Апостолова: ЕУ нема да се откаже од двата услови за Косово

Триесет проекти за намалување на загадувањето
Преку Софија, Македонија во ЕУ
Премиерите од Западен Балкан на маса со Могерини
УНДП: Затоплувањето на домаќинствата, индустриските капацитети и сообраќајот најголем..

Регион

Апостолова: ЕУ нема да се откаже од двата услови за Косово
APOSTO.jpg

Европската унија со ниту една политичка одлука нема да се откаже од двата услова кои Приштина мора да ги исполни за да добие визна либерализација, изјави шефицата на Канцеларијата на ЕУ во Косово, Наталија Апостолова. 

Aпостолова истакна дека ЕУ не предлага решенија за демаркацијата, но, како што рече, „неопходно е тоа да се реши меѓу Црна Гора и Косово и да се побара Договорот што поскоро да се изгласа во парламентот".

Потенцирам дека за нас е најважен крајниот резултат.

Мораме да имаме изгласана демаркација. Ако двете држави одлучат да направат различни договори, тоа е нивна работа.

Но, мора да бидете свесни дека без дефинитивно решение за демаркација и постигнувања во борбата против корупцијата, Европската унија нема да донесе ниту една политичка одлука за да се откаже од овие два услова, рече меѓу другото, Апостолова во интервју за приштински „Зери".

 21.09.2017, 12:32  | L.E. | 143

 

© ZURNAL.mk

 Регион 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

2159
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.