Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Косово има доволно гласови за прием во УНЕСКО

Триесет проекти за намалување на загадувањето
Преку Софија, Македонија во ЕУ
Премиерите од Западен Балкан на маса со Могерини
УНДП: Затоплувањето на домаќинствата, индустриските капацитети и сообраќајот најголем..

Регион

Косово има доволно гласови за прием во УНЕСКО
KOSOVO_23.jpg

Првиот заменик на косовскиот премиер и министерз а надворешни работи Беџет Пацоли тврди дека Косово обезбедило доволно гласови за членство во УНЕСКО, но дека е потребно претходно да се донесат два закона кои се однесуваат на верската еднаквост

Првиот заменик на косовскиот премиер и министерз а надворешни работи Беџет Пацоли тврди дека Косово обезбедило доволно гласови за членство во УНЕСКО, но дека е потребно претходно да се донесат два закона кои се однесуваат на верската еднаквост.

Пацоли кој е во косовската делегација на заседанието на Генералното собрание на ОН, рече за Интерактив КТВ дека за неколку дена и низа состаноци во САД обезбедил нови гласови за членство на Косово во УНЕСКО.

-Како што знаете, Косово мора да се пријави за УНЕСКО иако прилично доцниме. Помина многу време а малку е направено. Ја проучував стратегијата и начинот на кој се одвива обезбедувањето на гласовите. Охрабрен сум и велам дека ќе имаме доволно гласови. Денес имавме важен состанок со пријателска држава која го признава Косово и во разговорот на Косово практично му беа гарантирани меѓу 15 и 20 гласови за прием во УНЕСКО, рече Пацоли, а пренесува Коха.нет.

 21.09.2017, 12:29  | L.E. | 70

 

© ZURNAL.mk

 Регион 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

1997
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.