Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

McLaren ќе произведе лимитирана верзија на моделот XP 570GT

Триесет проекти за намалување на загадувањето
Преку Софија, Македонија во ЕУ
Премиерите од Западен Балкан на маса со Могерини
УНДП: Затоплувањето на домаќинствата, индустриските капацитети и сообраќајот најголем..

Авто

McLaren ќе произведе лимитирана верзија на моделот XP 570GT
MC.jpg

Неколку муштерии на McLaren ќе добијат кратка историска лекција за овој бренд во форма на лимитирано издание на моделот XP 570GT, инспириран од F1 XP GT Longtail од 90-тите.

 

Ќе бидат произведени шест XP 570GT автомобили, секој од нив нарачан од програмата McLaren Special Operations. Овој модел ќе има финиш во специјална боја наречена „XP Green” , која е дизајнирана да ја реплицира темно зелената боја од Longtail моделот од 1997-ма.

Кожниот ентериер исто така е инспириран од тој модел, а сите шест XP 570GT модели ќе го користат 3.8 литарскиот twin-turbo V8 мотор на McLaren од 570 коњски сили.

Автомобилите ќе бидат продадени на муштери во Англија, Холандија и Германија, а почетната цена ќе биде од 212 400 евра, што е за над 38 000 повеќе од стандардните 570GT модели.

Инаку, McLaren F1 XP GT Longtail бил оригиналниот прототип користен да се задоволат барањата за FIA хомологација по победата на Le Mans во 1995.

Компанијата инвестирала над 1 милион евра во истражување и развој, што треба да резултира со 15 нови модели до 2022 – половина од кои ќе користат хибридна технологија.

 21.09.2017, 12:21  | L.E. | 40

 

© ZURNAL.mk

 Авто 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

2288
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.