Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Рајан Филип ја претепал поранешната девојка

Триесет проекти за намалување на загадувањето
Преку Софија, Македонија во ЕУ
Премиерите од Западен Балкан на маса со Могерини
УНДП: Затоплувањето на домаќинствата, индустриските капацитети и сообраќајот најголем..

Шоубиз

Рајан Филип ја претепал поранешната девојка
RAJAN_2.jpg

Рајан Филип (43) се прослави на крајот на 90-тите години со улогите во „Знам што правеше минатото лето“ и „Сурови намери“. По него лудуваа жените ширум светот, но по спомнатите улоги и бракот со холивудската актерка Рис Витерспун, неговата глума никако не доаѓаше до израз.

Сега актерот се најде во центар на скандалот, бидејќи неговата поранешна девојка Елси Хјиут го обвинила дека ја претепал.

Елси тврди дека Рајан бил мошне пијан и дека ја нападнал и ја турнал низ скалите откако дошла да земе некои свои работи од неговиот дом. Само што го напуштила домот на актерот, Елси отишла во болница и нападот го пријавила во полицијата.

Поради траумите што ги претрпела, оваа 21-годишна девојка бара милион долари отштета, а сето тоа го поткрепила со фотографии со модринки, кои ѝ останале по конфликтот со него.

Но извори блиски на Рајан тврдат дека токму Хјуит била таа што го поттикнала инцидентот и дека Елси дошла алкохолизирана во неговиот дом и физички го нападнала.

Елси, позната по едиторијалот што го снимила за „Плејбој“, во тужбата што ја поднела против актерот тврди дека Рајан консумира разни дроги вклучувајќи кокаин и екстази. Рајан и Елси биле во врска од април.

Рајан порано беше свршен со студентката по право Паулина Слагтер, но врската ја раскинаа во ноември лани по пет заеднички години.

Рајан од 1999 до 2007 година беше во брак со Рис Витерспун, со која ги има ќерката Ава и синот Декон. Со поранешната девојка Алексис Кнеп ја има и ќерката Каилани.

 21.09.2017, 12:13  | L.E. | 63

 

© ZURNAL.mk

Aktuelno

 Шоубиз 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

1920
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.