Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Тинејџер возел без дозвола и излетал од пат, сопатникот тешко повреден

Да создадеме култура на носење на очила
СЈО ќе ја „трезни“ Општината од „Пивофест“
Жрепка за редоследот на листите за локалните избори

Црна хроника

Тинејџер возел без дозвола и излетал од пат, сопатникот тешко повреден
kro.jpg

Прилеп, 21 септември- Две лица, од кои едно потешко се повредени во сообраќајна несреќа која вчера околу 21:50 часот се случила на патот Битола-Прилеп.

Прилепчанецот М.М. (19) управувајќи „Мазда 626“ изгубил контрола над возилото, најверојатно поради неприлагодена брзина, и излетал од патот. Во несреќата со тешки повреди се здобил сопатникот М.Б. (18) од Прилеп кој е пренесен во Клиничкиот центар во Скопје, додека возачот со полесни повреди бил пренесен во прилепската болница.

Неофицијално, М.М. го управувал возилото без возачка дозвола и истото било нерегистрирано.

Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата.

 21.09.2017, 11:39  | L.E. | 30

 

© ZURNAL.mk

 Црна хроника 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

31023
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.