Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Вучиќ: Трамп прифати да ја посети Србија

Ахмети: Ако сакате интегрирана Македонија во НАТО и ЕУ ќе го поддржите референдумот
Бејли од Арктикот: Се гледаме на планинските врвови на Македонија
Џихадисти од Македонија раскажуваат: ИСИС е лажно исламско движење, видов масакри на ..
Бартол за МИА: Граѓаните во голем број да излезат на референдумот и да го кажат своет..

Регион

Вучиќ: Трамп прифати да ја посети Србија
vu_2.jpg

 Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Њујорк изјави дека првиот човек на САД, Доналд Трамп ја прифатил неговата покана да ја посети Србија, јави Танјуг.

– Кога му ја упатив поканата, детално образложив зошто сметам дека е важно да дојде во Србија. Зборував за односот на сите граѓани на Србија кон него и кон американската политика, како ќе го пречекаат луѓето во Србија, зошто е тоа важно, како и дека неговата посета би покажал колку Србите го сакаат тоа пријателство, рече Вучиќ.

Претходно, српската телевизија О2 јави дека Вучиќ му ја упатил поканата на Трамп кога американскиот претседател и неговата сопруга ја организираа за шефовите на држави или влади, учесници на заседанието на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Вучиќ изјави дека на средбата со Трамп многу кусо разговарале за политика, но дека сепак на својот соговорник му пренел се што сакал да му каже во врска со Србија.

 21.09.2017, 11:34  | L.E. | 130

 

© ZURNAL.mk

 Регион 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

4959
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.