Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Ердоган: Турција презема чекори за купување балистички ракети

Шекеринска за "Different": Македонија се извлече од Балканската кал, граѓаните немат ..
Ангелов: Саздо не го убија Албанци, го убија три свирепи, злобни и сурови лица
Димовски: За избор на ДИК треба политичко усогласување
Алијансата за Албанците со решенија за спречување на лекарите да ја напуштаат држават..

Свет

Ердоган: Турција презема чекори за купување балистички ракети
turkey_1.jpg

Њујорк, 21 септември- Турција презема чекори за купување балистички ракети за да ги заштити своите граѓани. Ова го изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој учествува на Глобалниот бизнис форум на Блумберг.

- Ги преземаме неопходните чекори, поврзани со балистички ракети. Нашите должности вклучуваат и заштита на 80 милиони Турци, рече Ердоган.
Турскиот шеф на државата вчера изјави дека, ќе продолжат преговорите на Анкара за купување на ракетен систем С-400 од Русија.

- Преговорите продолжуваат. Ако во Сирија, во наша близина, има ракетен систем С-400, јас ќе се заложам и ние да имаме C- 400, како и C-500. Ако не можам да купам оружје од НАТО, ќе најдам друг начин ЗА тоа, рече Ердоган.

Турскиот претседател соопшти на 12 септември дека Турција и платила на Русија депозит за купување руски ракетен систем С-400, и покрај противењата на сојузниците од НАТО. 

 21.09.2017, 11:31  | L.E. | 91

 

© ZURNAL.mk

 Свет 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

40863
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.