Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Мозочниот удар е болест која што може да се спречи и лечи

Триесет проекти за намалување на загадувањето
Преку Софија, Македонија во ЕУ
Премиерите од Западен Балкан на маса со Могерини
УНДП: Затоплувањето на домаќинствата, индустриските капацитети и сообраќајот најголем..

Здравје

Мозочниот удар е болест која што може да се спречи и лечи
gjakderdhja-tru.jpg

Д-р. Специалист Неврлог, Фатмир Меџити

Пациентите кои доживеале мозочен удар често пати не ги препознаваат симптомите на време и доцна се јавуваат на лекар, иако болеста спаѓа во ургентни состојби чие што лекување бара „трка со времето„.

„Реагирајте веднаш штом се појави првиот симптом„  порачуваат стручњаците, нагласувајки дека алармот треба да се вклучи во случај да неможете да се насмевнете,  право да го исплазите јазикот или да ја подигнете раката.

Најновите истражувања покажуваат дека во развиенти земји бројот на мозочни удари опаѓа дури за 42% додека во неразвиените и средноразвиените земји е во пораст дури за 100%. По анализите на Светската здравствена организација, зачестеноста на мозочните удари е дирекно поврзана со висината на доходот по глава на жител, што значи дека богатите земји успеале да го намалат бројот на заболени благодарение на добар скрининг и исклучиво агресивена програма за превенција.

Мозочниот удар не е повеќе болест на старите лица. Непрепознавање или занемарување на симптомите на болеста е главна причина што дури 75% од пациентите остануваат трајно инвалиди, а дури 55% од нив неможат да живеат без туѓа помош. Сите медицински сознанија во минатите 20 години укажуваат дека мозочниот удар може и треба да се спречи и лекува, а предуслов е брзо препознавање на симптомите и соодветна реакција како на заболениот така и на здравствениот систем. Кога симптомите на болеста  ќе се развијат не треба да се чека „само да помине„ туку е најважно веднаш да се повика брза помош која ќе го однесе пациентот до соодветната установа.

Како најчести симптоми кои укажуваат на мозочен удар се: изненадна одземеност на десната или левата половина на телото, неможност за говор, изговорување или неразбирлив говор, трнење на половина од телото, несигурност и сериозно занесување во одењето, попречен вид, дупли слики, збунетост дури и тешка и до тогаш непозната главоболка.

Една од најзначајните мерки за спречување на мозочен удар е регулирање на крвниот притисок. Поразувачки е резултатот дека само 64% од пациентите кои знаат за својата хипертензија земаат лекови. Главен ризик фактор е високиот крвен притисок кој е одговорен за појава на повеќе од половина на мозочните удари, додека шеќерната болест го зголемува ризикот за околу два пати.

Мозочниот удар е катастрофа која што може да се спречи и лечи, револуција во лекувањето на мозочните удари е тромболитичната терапија која ако се даде во првите четири часа од развојот на болеста, успешно лекува 60% од пациентите во нашата средина.

 20.09.2017, 12:55  | B.M. | 246

 

© ZURNAL.mk

 Здравје 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

1870
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.