Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Анкета ИРИ: Расте оптимизмот за членството на Македонија во ЕУ

Да создадеме култура на носење на очила
СЈО ќе ја „трезни“ Општината од „Пивофест“
Жрепка за редоследот на листите за локалните избори

Македонија

Анкета ИРИ: Расте оптимизмот за членството на Македонија во ЕУ
iri_logo_english_for_white_background-777x437.jpg

Анкетата на населението во Македонија на Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) открива драматичен пораст на оптимизмот во врска со политичката ситуација во земјата и изгледите за членство во ЕУ.

„Додека претходните анкети на ИРИ одразуваа длабока вознемиреност и песимизам во врска со стабилноста и траекторијата на Македонија, резултатите од ова истражување се многу охрабрувачки“, рече регионалниот директор на ИРИ за Европа, Јан Сурочак.

Новата влада, како што се вели во известувањето од ИРИ, треба да го препознае ова како можност да ја поврати довербата на граѓаните на Македонија и да преземе суштински мерки за решавање на прашањата кои се од најголема грижа за граѓаните.

Бројот на граѓани кои ја опишуваат внатрешната политичка ситуација како „мирна и стабилна“ скокна од само 5 проценти во март 2017 на 44 проценти во август 2017 година. Оваа промена е веројатно поврзана со неодамнешното формирање на нова влада по две години на жесток политички конфликт и несигурност.

Процентот на оние кои ја опишуваат моменталната состојба како „напната и неизвесна“ падна за 18 проценти (62 проценти во март 2017; 44 проценти во август 2017), а бројот на оние кои ја нарекуваат ситуацијата „критична и нестабилна“ бележи пад од 22 проценти (32 проценти во март 2017; 10 проценти во август 2017).

Македонските граѓани, исто така, изгледа дека се пооптимистични по прашањето за изгледите за пристапувањето кон Европската Унија. Бројот на оние кои мислат дека земјата сега е поблиску до пристапувањето во ЕУ отколку кога го доби кандидатскиот статус, скокна од само 13 проценти во март 2017 година на 41 процент. Поддршката за членството во ЕУ и понатаму е силна на 77 проценти – подобрување за 5 проценти од март 2017 година.

Обновеното чувство на стабилност што се рефлектира во истражувањето, исто така, може да допринело за пооптимистички поглед кон економијата. Триесет и три проценти сега веруваат дека економијата ќе се подобри во текот на следните две години – зголемување за 12 проценти од март 2017. Исто така, се чини дека песимизмот во однос на квалитетот на животот во Македонија е намален: бројот на испитаници кои сметаат дека нивниот квалитет на живот се влошува, се намалил од 38 проценти во март 2017 на 24 проценти.

Анкетата беше спроведена за Центарот за анкетни истражувања преку Брима, фирма за истражување.

Податоците беа собрани од 4 до 21 август 2017 година преку интервјуа лице-во-лице на национално репрезентативен примерок од 1.105 испитаници на возраст над 18 години. Маргина на грешка е плус или минус три проценти на среден опсег на ниво на доверба од 95 проценти. Стапката на одѕив беше 71 проценти.

Сумата на бројките во графиконите и табелите може да не биде 100 проценти поради заокружување. Ова истражување е овозможено со поддршка на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).

 18.09.2017, 13:18  | Xh.I. | 133

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

30890
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.