Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Жерновски ги повика приврзаниците да гласаат за кандидатот на СДСМ

СЈО ќе ја „трезни“ Општината од „Пивофест“
Жрепка за редоследот на листите за локалните избори
Анкета ИРИ: Расте оптимизмот за членството на Македонија во ЕУ

Македонија

Жерновски ги повика приврзаниците да гласаат за кандидатот на СДСМ
5_36.jpg

Градоначалникот на Центар Андреј Жерновски денеска ги повика приврзаниците на СДСМ да гласаат за кандидадот за оваа партија, иако нагласи дека се уште не знае кој ќе биде кандидат за Центар.

Одлуката да се повлече од трката за втор мандат за градоначалник ја донел заедно со премиерот Зоран Заев.

- Таа одлука ја донесовме заеднички. Овој градоначалнички мандат никогаш нема да го заборавам. Тоа беше мандат исполнет со турбуленции, притисоци, уцени. Тоа беа најтешките, но и најубави години во мојот живот - рече Жерновски, заблагодарувајќи им се на жителите на Центар, кои гласаа за него дури три пати.

Посочи дека тој и неговиот тим се гордеат со постигнатите резултати.

- Без разлика кој ќе биде кандидат, приврзаниците ќе ги повикам да гласаат за опцијата која носи добро во Република Македонија и мојата одлука да работам на централно ниво е затоа што ги гледаме сите оние промени што настануваат во Република Македонија. Македонија конечно оди напред. Таа поддршка oд центарци никогаш нема да ја заборавам и останувам отворен секогаш за контакт со моите сограѓани. Секогаш кога ќе можам ќе помогнам. Договоривме со премиерот да помагам во работата на идниот градоначалник. Тој секако ќе си има своја програма, но и со моето искуство и проектите кои ги започнавме и се гордееме, да продолжат понатаму - рече Жерновски.

Тој и премиерот не разговарале конкретно на која позиција ќе оди следно.

- Сметам дека можам да помогнам со моето искуство, затоа што имам искуство и од таа власт. Се надевам дека тоа ќе биде успешна промена, затоа што локалната власт секогаш ќе ми остане во срце и не кријам дека можеби некој ден повторно ќе бидам на ваква или на некоја слична функција - рече Жерновски.

Како што посочи, во Македонија има сериозен исчекор. За прв пат на избори гласаа Албанци, Турци, Роми, за, условно кажано, една етничка македонска партија. Тоа, според Жерновски, е потребната и неопходна формула за просперитетна иднина за Република Македонија.
 

 13.09.2017, 15:04  | Xh.I. | 46

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

27434
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.