Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Кривична за Јово Вангеловски, не дозволил увид во „Таргет“ и „Тврдина“

Хан ја повика опозицијата да биде конструктивна
Дали Русија ќе ја спречува Македонија да влезе во НАТО?
Задолжителна зимска опрема за возилата, во спротивно 45 евра казна

Македонија

Кривична за Јово Вангеловски, не дозволил увид во „Таргет“ и „Тврдина“
jovo2.jpg

Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски не ѝ дозволил на Комисијата од Советот за утврдување на факти да направи увид во предметите „Таргет“ и „Тврдина“ во коишто се обвинети и двајцата бегалци, Горан Грујевски и Никола Бошковски.

Од Советот пред една недела испратиле известување дека денес ќе вршат увид, но кога отишле судската полиција не им дозволила да влезат.

- Судската полиција усно објасни дека претседателот на Врховниот суд на РМ, им наредил да не ја пуштаат Комисијата во судот. Потоа претседателот на Врховниот суд на РМ по телефон го повика претседателот на Комисијата и му предочи дека претходно упатил писмо до Советот за факти во кое го известил дека не дозволува да се врши увид во бараните списи, сѐ додека на судот не му биде доставен основот поради кој Комисијата го бара увидот, а потоа тој ќе оценел дали ќе дозволи увид, ќе определел термин и простор каде да биде извршено таквото дејствие, со закана дека со ваквиот начин на комуницирање ќе сносиме последици – вели претседателот на Советот, Сашо Поцевски.

Од Советот велат дека овој начин на однесување на Јово Вангеловски претставува спречување во вршењето на овластувањата што ги има Комисијата.

- Во конкретниот случај со неовозможување на увид во списите заради прибавување податоци и докази кои се од интерес за утврдување на фактите во врска со утврдување одговорност на судиите кои постапувале по предметот „Таргет-Тврдина“, направена е повреда од страна на претседателот на Врховниот суд, за што овој Совет ќе поведе и кривична постапка за негова одговорност пред надлежниот јавен обвинител – пишува Поцевски во неговото обраќање до јавноста.

Од Советот за утврдување факти додаваат и оти ова не е прв пат Вангеловски како претседател и други судии во Врховниот суд да вршат опструкции.

- Во минатото кога беа повикувани од страна на Советот за утврдување на факти, да дадат изјава или да им се овозможи пристап до информации кои ги има Врховниот суд на РМ по конкретни предмети, беа вршени опструкции од нивна страна на начин што не одговараа на барањата на Советот за утврдување на факти или не се одзиваа на поканите да присуствуваат на распит и слично – велат оттаму.

 13.09.2017, 13:56  | Xh.I. | 185

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

11288
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.