Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Мајката не им дала пари, па ги нашле синовите и ги избоделе

СЈО ќе ја „трезни“ Општината од „Пивофест“
Жрепка за редоследот на листите за локалните избори
Анкета ИРИ: Расте оптимизмот за членството на Македонија во ЕУ

Црна хроника

Мајката не им дала пари, па ги нашле синовите и ги избоделе
mkk_2.jpg

Скопје, 13 септември- Двајца жители на скопското село Батинци во вторникот вечерта со нож повредиле двајца соселани откако мајката на жртвите не им дала пари, соопшти Министерството за внатрешни работи

Во селото Батинци вчера околу 20 часот, лицата идентификувани со иницијалите М.Џ.и Н.А. дошле во куќата на 48-годишната С.Г. и со закана со нож и побарале пари.

Откако не им дала пари, заминале од куќата и околу 20,30 часот се сретнале со нејзините два сина, 29-годишниот Н.Г. и една година помладиот С.Г. и им побарале пари, по што со нож му нанеле убодна рана на С.Г. во пределот на грбот, а Н.Г. го расекле во пределот на лицето.

Повредените лица биле пренесени во Градската Општа Болница „Свети Наум Охридски“. СВР Скопје презема мерки за целосно расчистување на случајот.

 13.09.2017, 13:52  | L.E. | 57

 

© ZURNAL.mk

 Црна хроника 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

27778
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.