Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Презентација на студија за македонскиот извоз

Одобрено обвинението за Чавков и петмина пратеници
Север: Договорот за името е голем чекор за целиот Балкан
Хан: Иванов да преземе одговорност за процесот за договорот со Грција
Ѕанакопулос: Договорот е политичка победа, се решава прашање старо 30 години

Економија

Презентација на студија за македонскиот извоз
eksport.jpg

Скопје, 13 септември- Стопанската комора на Македонија денеска ќе ја презентира научно-истражувачката студија „Македонскиот извоз“, изработена од страна на Виенскиот институт за меѓународни економски студии. На промоцијата ќе присуствува и ќе се обрати и вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев.

Студијата, покрај обработката на извозот како главен сегмент во анализите, вклучува поширок преглед на потенцијалите и можностите на македонската економија со цел да се утврди вистинското место на приватниот сектор во македонското стопанство, врз која основа e потребно да се креира модел што ќе ги поттикне економскиот раст и развој.

Студијата ќе ја презентираат авторот Владимир Глигоров, економски експерт од Виенскиот институт и директорот на Виенскиот институт за меѓународни економски студии Елизабет Хаге

 13.09.2017, 12:06  | L.E. | 124

 

© ZURNAL.mk

 Економија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

14766
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.