Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Прилепчанец нападнал вработени во приватна амбуланта

СЈО ќе ја „трезни“ Општината од „Пивофест“
Жрепка за редоследот на листите за локалните избори
Анкета ИРИ: Расте оптимизмот за членството на Македонија во ЕУ

Црна хроника

Прилепчанец нападнал вработени во приватна амбуланта
prilep_7.jpg

Прилеп, 13 септември- Пријавениот откако ги нападнал сопружниците вработени во амбулантата избегал.

Маж од Прилеп доби кривична пријава поради сомнение за кривичното дело насилство бидејќи нападнал сопружници вработени во Приватната здравствена установа „Зероски“.

Додека жената на влезната врата од амбулантата поставувала соопштение со кое на пријавениот му се забранува пристап, тој дошол и почнал да се расправа со неа.

- Во еден момент ја фатил за раката и почнал да ја влече. Оштетената успеала да се оттргне и со трчање влегла во амбулантата. Сопругот на оштетената, М.З., кој работи во истата амбуланта, излегол и започнал вербално да се расправа со пријавениот. Пријавениот го удрил со нога во пределот на телото по што М.З. паднал на земја. Оштетената се обидела да му помогне на својот сопруг, но пријавениот повторно почнал да ја влече за раката при што и таа паднала на земја – велат од полицијата.

По настанот, пријавениот прилепчанец избегал, а на сопружниците им се констатирани телесни повреди. На настанот имало и сведоци, две медицински сестри и неколку пациенти.

 13.09.2017, 12:56  | L.E. | 43

 

© ZURNAL.mk

 Црна хроника 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

27924
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.