Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Вашингтон бара „Раша тудеј“ да ги појасни своите активности во САД

Хан ја повика опозицијата да биде конструктивна
Дали Русија ќе ја спречува Македонија да влезе во НАТО?
Задолжителна зимска опрема за возилата, во спротивно 45 евра казна

Свет

Вашингтон бара „Раша тудеј“ да ги појасни своите активности во САД
vas.jpg

Вашингтон, 13 септември- Американското Министерство за правда побара од руската телевизија „Раша тудеј“ (РТ) да го почитува законот со кој сите странски државни организации се обврзани пред властите во САД да ги образложат нивните дејности и активности.

Претставничката на РТ, Ана Белкина наведе дека американското дописништво на руската телевизија добило писмо од Министерството за правда на САД, со кое се информира телевизијата дека треба да ги почитува обврските од законот за регистрација на странски организации во земјата.

Тој закон е усвоен во 1938 година, со цел да бидат идентификувани изворите на нацистичката пропаганда во САД.

Законот ги обврзува сите организации чии сопственици се странски земји, да ги образложат своите дејностите пред властите.

- „Раша тудеј“ ги консултира адвокатите кои го разгледуваат барањето, додаде Белкина.

Главната уредничка на РТ, Маргарита Симонијан ја објави соопштение на сајтот на телевизијата во кое се осудува барањето на американското Министерство за правда и се истакна дека тоа претставува доказ за „војната“ што ја водат САД против руските медиуми.

Вашингтон, често ја обвинува „Раша тудеј“ дека е пропаганден орган на Кремљ

 13.09.2017, 11:45  | L.E. | 28

 

© ZURNAL.mk

 Свет 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

11331
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.