Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Mercedes го ослободи ѕверот: Project One е болид за на улица (Фото)

СЈО ќе ја „трезни“ Општината од „Пивофест“
Жрепка за редоследот на листите за локалните избори
Анкета ИРИ: Расте оптимизмот за членството на Македонија во ЕУ

Авто

Mercedes го ослободи ѕверот: Project One е болид за на улица (Фото)
merc.jpg

 Mercedes одлично си ја заврши домашната задача на тема хиперавтомобил. Резултатот: Project One развива над 1.000 коњски сили, а од 0 до 200 км/ч забрзува за помалку од 6 секунди!

 

Еден ден пред почетокот на Автосаемот во Франкфурт 2017, германскиот автопроизводител го откри долго очекуваниот суперспортски автомобил што го направи во одделението AMG.

 

Project One на Mercedes-AMG претставува врв на современата автомобилска технологија и ги носи перформанси на Формула 1 болид од тркачките патеки на патиштата.

 

Како што кажавме, суперавтомобилот забрзува од 0 до 200 км/ч за 6 секунди, додека „обичните“ спортски автомобили за толку време може да „кренат“ едвај до стотка, а Mercedes уште нема соопштено која ќе биде максималната брзина на овој „ѕвер“, иако тврди дека ќе изнесува над 350 км/ч.

 

За да ги оствари погоре спомнатите перформанси, Project One користи хибриден, бензинско-електричен погон со вкупна комбинирана снага од над 1.000 коњски сили, а интересно е што автомобилот ќе може да се вози и само на електричен погон, но максимално 25 километри.

 

„Болидот за цивили“ на Mercedes има извајана каросерија што е целосно направена од карбонски влакна, со специјална аеродинамична „перка“ на задниот дел од кровот, како и голем „спојлер“ позади.

 

„Срцето“ на погонскиот систем е изведено од моторот што Mercedes го користи во Формула 1, а се работи за 1,6-литарски V6 турбо бензинец со 11.000 вртежи во минута и ја праќа силата кон задната осовина на возилото.

 

Овој мотор има електричен турбополнач заради поголема ефикасност, а има и уште еден, директно поврзан електромотор, што помага бензинскиот мотор да пренесува дури 680 коњски сили на задните тркала.

 

Приказната за погонскиот систем не завршува тука: Project One е опремен со уште два електромотори, секој поставен на по едно од предните тркала и произведуваат по 163 кс, што овозможува автомобилот да има погон на сите четири тркала.

 

Автомобилот користи потполно нов осумбрзински автоматизиран менувач со мануелни команди за промена на степенот на пренос на воланот, развиен специјално за Project One.

Напред има тркала со пречник од 19 инчи, а назад има 20-ки.

Пневматиците се Michelin Pilot Sport Cup 2, а автомобилот стандардно ќе се испорачува со карбон-керамички сопирачки.

Кабината е дизајнирана во минималистички, тркачки стил, а обликот на воланот е инспириран од воланот на болидот од Формула 1.

Mercedes планира да произведе сѐ на сѐ 275 примероци од овој исклучителен автомобил, а почетната цена на еден автомобил изнесува 2,27 милиони евра.

Неофицијално, првите примероци се веќе однапред распродадени.

 12.09.2017, 16:06  | L.E. | 39

 

© ZURNAL.mk

 Авто 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

27901
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.