Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Владо Јаневски и Витаминка го промовираа видео записот за песната Последна заблуда

СЈО ќе ја „трезни“ Општината од „Пивофест“
Жрепка за редоследот на листите за локалните избори
Анкета ИРИ: Расте оптимизмот за членството на Македонија во ЕУ

Шоубиз

Владо Јаневски и Витаминка го промовираа видео записот за песната Последна заблуда
vladoo.jpg

 Со промоција на видео записот за песната Последна заблуда, продолжи соработката меѓу Витаминка и Владо Јаневски иницирана уште минатата година. Поддршката од Витаминка за Владозначеше повторно враќање на музичката сцена и заеднички настап на двата најсилни македонски бренда.

 

„Соработката што ја започнавме со Владо Јаневски минатата година се заокружува со оваа промоција, уште еден од успешните новитети од Владо. Ова своевидно партнерство се роди од заемниот стремеж за создавање на нешто вредно и нешто што остава трага, а според она што го гледаме денес, ни потврдува дека како компанија застанавме зад едно од најзначајните имиња за домашната музичка сцена и создадовме производ на задоволство на сите“, изјави Владимир Трпаноски, Комерцијален директор на Витаминка.

 

 

 

„Последна заблуда“ е втората песна и видео запис што произлезе од оваа соработка.

„Оваа песна е посебна во многу аспекти и токму затоа заслужи да добие оригинален видео запис изработен висококвалитетно и да биде поддржана од компанија што е синоним за квалитет, вредност и постојаност во поддршката за македонската поп музика. Соработката што јас ја имав со Витаминка им ја посакува на сите македонски артисти, затоа што вистинските вредности одат заедно и постигнуваат заеднички успеси“, изјави Владо Јаневски.

Песната е авторско дело на Владо Јаневски кој се потпишува на текстот и музиката, аранжманот е на Никша Братош, се снимаше во загрепското студио NB и Enterprise во Скопје, а снимател и продуцент е Валентино Скендеровски. Продукцијата задолжена за видео записот е Горила под режија на Горан Костадинов, се снимаше на Галичник и Маврово за што беа ангажирани модели од модното студио Црнокрак.

 12.09.2017, 16:34  | L.E. | 21

 

© ZURNAL.mk

 Шоубиз 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

27687
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.